Mole Almas уште еден спортски концепт ќе дебитира во Женева 2019

Идната недела на салонот за автомобили во Женева премиера ќе има и уште еден спортски автомобил – Mole Almas

Спортистот“ Almas e креација на фирмата Mole Costruzione Artigianale (но треба да се каже дека е создаден во соработка со Adler Group), a станува збор за 1430 kg тежок модел со две седишта со шасија изработена од карбоснски влакна, тркала од 22 инча, Brembo сопирачки и внатрешност во црвена  Tramontano кожа.

Кога станува збор за димензиите, Almas e долг 4730 mm, широк 1980 mm, висок 1218 mm а растојанието помеѓу оските изнесува 2600 mm.

Во некои извори е наведено дека станува збор за уникатен автомобил односно дека ќе биде изработен во еден – единствен примерок, но некои други извори пренесуваат дека сe планира производство на помала серија со мотор на внатрешно согорување (179 kW/243KS и 260 Nm вртежен момент) како и дека е подготвена и верзија со горивни ќелии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alfa Romeo Giulia QV – посебна изведба во егзотични бои!

Претставено мало електрично возило наречено по Хусеин Болт!

KIA најави уште еден мал SUV

Вака изгледа внатрешноста на новата BMW Series1

Новиот Aston Martin на Бонд преполн гаџети за тајниот агент 007!

Во Барселона Lexus со автомобил од вселената во портокалов аранжман!

Новиот Range Rover пристигнува 2021

McLaren го произведен 20.000-от автомобил во Вокинг

Три децении на култната Mazda MX-5 (Miata)