Монца под итно бара 60 милиони евра за опстанок во F1 календарот!

Анџело Стики Дамијани, првиот човек на Автомобилскиот клуб Италија, деновиве, изјавил дека на легендарната тркачка патека „Монца“ и се потребни 60 милиони евра за реновирање за да биде подготвена за одбележување на 100 годишнината, но и за да ја обезбеди сопствената иднина во  Formulа 1…

Кон крајот на минатата 2018 година се појавија информации дека раководството на патеката планира големи промени за нејзиниот јубилеј во 2022 година, каде е вклучено и елиминирање на една шикана.

Меѓутоа  Monca има договор за организирање на Големата Награда на Италија само за уште оваа сезона, a Дамијани нагласува дека ситуацијата е многи итна и дека е потребно што побргу да се најдат 60 % од предложените средства ќиј буџет е 100 милиони евра за реновирање.

Поради тоа побараната помош од Владата на Италија е важна за иднината на самата патека.

„ Ние сме задолжени за исплата на надомест на сопствениците на Formulа 1 и не можеме да ги потрошиме парите на многу итни интервенции за реновирање на патеката. Станува збор за стара патека, што наближува до својот 100 ти роденден. Вистински начин да го дочекаме тој ден е да ја унапредиме патеката во согласност со нејзината историја.

Доколку помошта дојде од Владата на Италија, би било решавачки да се стори се што е потребно. Успеавме да најдеме баланс благодарение на помошта од регијата Ломбардија, но тој истекува годинава и мораме да го обновима за наредните неколку години “, рекол Дамијани.

Потсетуваме, Монца,  последните години добива краткорочни договори со Formulа 1, бидејќи од 2016 година редовно доаѓа до застој во преговорите. Еден од проблемите се договорите потпишани со претходните сопственици на Formulа 1.

„ Имаме комплицирани и тешки преговори до Либерти Медија, која наследи премногу скапи и неодржливи договори. Но, тука, се се’ сведува само на прашањата од аспектот на организацијата. Ние веруваме дека ќе успееме да постигнеме договор и дека ќе ги одработиме сите потребни работи “, истакнал Дамјани.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot за Le Mans 2022 со хибриден хипер автомобил

Нов рекорд на Megane R.S Trophy-R сега на патеката во Suzuka

Renault Twingo Cup Финале: Титулата за Делев, Трајковски и Малинковски победници во Серес

Делев го освои Скопје: Четврта победа во TWINGO CUP!

Црвената униформа и Шумахер – повторно заедно!

Porsche го претстави 99X Electric за Formula E

Натпреварувањето во Twingo Cup продолжи со трката на Ушќе

Светска премиера на IAA: Opel е првиот производител на автомобили со електрично рели возило

Франкфурт 2019-Светска премиера на прв рели тркач на струја: Corsa- e Rally