Moskvich ќе развие сопствена платформа за електрични возила

Дмитриј Пронин, кој во мај ја презеде функцијата прв човек на реновираната фабрика за автомобили  – Moskvich, зборуваше на својот канал Телеграм, говорејќи за тековните задачи и планови на оваа марка, во блиска иднина, за новите електрични модели …

Така, тој потврди склопување на 600 автомобили во стилот на таканаречената „шрафцигер индустрија“ (индустрија на едноставно склопување) до крајот на годината, но, многу поинтересно и поважно е дека во таа пригода најави и создавање на сопствена платформа за електрични автомобили под брендот Moskvich.

Пронин започна со тоа што сега фабриката е во „активна фаза на работа на проектот“.

Тука ќе кажеме (наше мислење) дека, најверојатно, мислел на подготовка за производство на истите тие 600 автомобили, од кои пак една третина, односно 200 се електрични возила.

Интересно е што претставниците на Moskvich се уште се обидуваат да ја одржат интригата со тоа што не кажуваат кои автомобили ќе бидат ставени на ленти.

Иако, на сите одамна им е јасно дека обновениот автомобилски субјект  најверојатно ќе произведува ребрендирани модели на кинескиот производител JAC.

Постојат неколку индиректни потврди за овие наводи.

Така, главната работа е што минатата недела на интернет порталите „протекоа“ фотографиите од crossover моделот на JAC и тоа без амблемот на кинескиот производител, кои, потсетуваме, беа видени во фабриката за автомобили во Кама. Очигледно, сега моделот се проучува, односно се вршат тестови на истите .

А, зошто на познатиот руски бренд на камиони – Камаз би му бил потребен примерок од кинески теренец, ако не да се подготви за склопување во Moskvich?

Вака, кога ќе се погледнат работите, изгледа дека се се` совпаѓа и се согласува.

Ова се однесува на тековните планови на руската компанија, кои производителот на автомобили вети дека ќе ги спроведе до крајот на следната 2023 година.

Потоа, според Пронин,  воозобновениот руски бренд на автомобили Moskvich ќе развие сопствена платформа за електрични возила, но околу тоа, барем засега, нема детали.

А со оглед на љубовта на компанијата кон странските технологии, може да се претпостави дека и во овој случај нема да помине без да се позајми модел за „инспирација“, што е се разбира креативна, ако некој и воопшто се посомневал во тоа!

Како и кај креациите на четири тркала на кинескиот бренд JAC (crossover моделот), тие ќе ги отстранат сите знаци за идентификација и ќе ги претстават како свои.

Но, да не избрзуваме и да почекаме, бидејќи на крајот на нештата, времето ќе ја (по) каже вистината

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинезите за 2023 ветуваат електричен автомобил со досег од 1000 км

Suzuki и Toyota заеднички прават електричен SUV

Електричен Chery QQ Wujie Pro

Дополнителна опрема направена по мерка за Opel Astra и Astra Sports Tourer

Lincoln Model L100 Concept

R5 TURBO 3E, Роден за дрифт

XPeng од Кина овозможува полнење на EV батериите двојно побрзо одошто Tesla

Dacia сврте нов лист

Електричните хипер автомобили ќе забрзуваат до „стотка“ за помалку од секунда