Moto Guzzi со нови модели го слави 100-от роденден

Moto Guzzi слави 100 годишнина- голем јубилеј и го одбележува со три ограничени изданија на мотоцикли…

Станува збор за три модели мотоцикли на познатата и славна италијанска марка: V7, V85 TT и V9. Секој мотоцикл е инспириран од моделот Moto Guzzi Otto Cilindry 500 cc од 1955 година.

Секој мотоцикл е создаден (креиран) од исти материјали, бои и делови што биле користени пред 60-тина години, но секој од нив содржи и модерни додатоци и материјали, кои го прават возењето многу побезбедно и уживањето  подобро.

Во однос на погонските единици што се вградуваат во овие јубилејни единици, V7 и V9 го делат истиот попречен W-twin мотор, со работен волумен од 850 кубни сантиметри, што испорачува моќ од 65 КС, додека пак V85 TT развива 80 КС.

Моделот V7 Stone излегува на крајот на март тековната 2021 година, потоа V85 TT Adventure во април и на крајот V9 во јули.

Кога станува збор за цените и тие се познати: па така V7 ќе чини 9.190 американски долари, а потоа следи V9 со цена од 10.690 долари, а најмоќен и најскап модел ќе биде В85 ТТ со цена од 13.190 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата во Милано доби засилување на две тркала

Ducati го произведе 350.000-от Monster

EICMA ги објави датумите за 2021 година

Претставена MV Agusta Superveloce Alpine – во лимитирана серија

BMW електричен концепт со странична приколка

SYM EF3 претстави електричен скутер

Нова заедничка креација на Ducati и Lamborghini – Diavel 1260

Новиот BMW S1000R

BMW Motorrad Definition CE 04