Moto Morini ја претстави линијата Seiemmezzo

Moto Morini го претстави своето дуо од средна категорија, моделите Seiemmezzo STR и Seiemmezzo SCR…

Мала транскрипција за тие кои не го владеат италијанскиот јазик. Имено, „Seiemmezzo“ значи „шест и пол“, што открива важен детал за оваа линија. STR е naked, а SCR е Scrambling и двата доаѓаат со мотор од 649 кубни сантиметри. Главната визуелна разлика помеѓу двата мотоцикли се бандажите. SCR има тркала со „жици“, додека STR доаѓа со алуминиумски единици.

Сепак, двата модели имаат гуми Pirelli Angel GT – 120/70-18 напред и 160/60-17 назад. Како што наведуваат од компанијата, и STR и SCR имаат максимална брзина од 170 km/h и покрај тежината од 200 kg и резервоар за гориво со волумен од 16 литри. Други карактеристики вклучуваат:

Двојни диск сопирачки од 298 mm напред-

Диск сопирачка од 255 mm задниот дел

двоканален Bosch ABS

Seimmezzo STR и SCR имаат предни вилушки од 43 mm Kayaba со „од“ од 120 mm, со моношок од Kayaba на задниот дел.

Задниот амортизер е поврзан со тркалото преку алуминиумска задна вилушка.

Moto Morini наведува дека STR е достапен во следните бои: „Starlight White“, „Fire Red“ и „Smoky Anthracite“.

Од друга страна, SCR има „Navy Green“ зелена и „Night Black“ црна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Super Soco лансира два нови електрични мотоцикли

GasGas  RX 450F Replica наскоро на пазар

Honda XL Transalp нов tourer на јапонската марка

Can-Am

MV Agusta Lucky Explorer 9.5 ќе биде посилна од нејзините ривали

Ducati Scrambler

Custom Ducati вреден половина милион долари!

MyMover – уникатен скутер на Piaggio достапен само на пазарот во земјата на Изгрејсонцето

MV Agusta F3, Turismo Veloce и Dragster со RC третман