Само возила со нула емисија од 2035, такво решение предлага Европската Унија и доби уште еден сојузник во оваа борба, Германија….
Згора на тоа, одредена идеја беше доведена во прашање, која беше еден вид спас за моторите со внатрешно согорување. Пред еден месец, германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг (Volker Wissing) се спротивстави на идејата Европската унија да ја забрани продажбата на автомобили со внатрешно согорување по 2035 година.
Ваквиот потег би бил значаен чекор кон намалување на вкупните емисии на CO2 со елиминирање на ниво од нула во секторот патен транспорт. Темата повторно беше отворена на последната средба во Брисел.
Овојпат, пак, германската министерка за животна средина Штефи Лемке (Steffi Lemke) објави дека владејачката коалиција во Берлин целосно го поддржува планот „во сите негови точки“. И тоа ја затвора вратата за едно од потенцијалните решенија.
Германија досега се залагаше за забрана за продажба на традиционални бензински и дизел мотори, но бараше моторите со внатрешно согорување да се зачуваат по 2035 година, под услов да се напојуваат со синтетички горива. Тие се практично неутрални за CO2.
Сега, пак, Лемке не дозволува таква можност, со што се затвора вратата на технологијата на која веќе подолго време работат Porsche или Audi. Некои земји, како Холандија или Белгија, дури одлучија да ја воведат забраната порано – од 2030 година.