Моторот на Aurus ќе се вградува и во авиони!

Лесниот авион Yак-18Т со можност за превоз до четири лица ќе биде опремен со моторот АPD-500, што е дериват на единицата NAMI-4123, со потекло од руската луксузна марка Aurus…

Според локалната новинска агенција РИА Новости, се планира инсталацијата на споменатата енергетска единица да заврши во текот на летото, по што треба да се спроведат низа тестови на земја. Главната цел на проектот се рефлектира во реализацијата на обидот да се обезбеди релативно достапен мотор кој би бил доволно способен да овозможи лет на авион. За развој на споменатата единица APD-500 беше задолжен тим експерти од Централниот институт за мотори на авиони (ЦИАМ) именуван по П.И. Баранов, кој потпиша договор за ангажман во развојот на погонскиот систем со руското Министерство за индустрија и трговија во текот на 2018 година.

До овој момент е завршена фазата на развој на прототипот и сега се тестираат системите задолжени за интеракција со авионот, имајќи ги предвид контролата на менувачката кутија, контролата на пропелерот и другите функции.Според првичниот план, моторот APD-500 ќе биде „под хаубата“ на авионот Yак-18Т во наредните месеци, проследено со понатамошни тестови за функционирањето на сите системи на авионот.

На крајот од  оваа се надеваме успешна песна, се очекува публиката да види мотор на Aurus кој би се трансформирал за да биде употреблив во авијацијата, што би значело обезбедување доволно енергија за полетување на авионот. Доколку овој стремеж се покаже како остварлив, тоа ќе биде голема работа и во економска смисла, пред се затоа што моторните за автомобили се произведуваат во големи серии и чинат драматично помалку од тие наменети за авионите.

Сите креации четири тркала што го носат или ќе го носат логото на Aurus ќе бидат придвижувани од 4,4-литарски V8 мотор, кој согорува бензин и испорачува 598 коњски сили. Бензинскиот мотор работи во систем со електромотор и генератор, како и девет степен автоматски менувач, кој исто така го разви руската компанија КАТЕ.

Конечно, да додадеме една интересна работа. Лимузина што наликува на таа во која се вози првиот човек на Русија – Путин, блиндиран (оклопен) Aurus Senat долгa 6,6 метри, неодамна се појави во продажба за прв пат, но цената беше четири пати поголема од најавената oд производителот и изнесуваче околу 1.185.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Genesis од летото во Европа

Touring Superleggera најавува нов спортски автомобил

Најавен Hyundai AX1

Според најавите, Се продава Alfa Romeo Autotutto

Mercedes Benz SLS AMG Electric drive на продажба

Top Gear ги избра најдобрите електрични автомобили

Трамвај излетал од шини- присебен возач ги сочува и возилото и животот

Bugatti Chiron рачно изработен од глина

Најавен Volkswagen ID.5