Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Компанијата Voxan, која е основана од компанијата Venturi grоup, го претстави електричниот супер брз мотоцикл Wattman….

Сепак, премиерата на оваа супер моќна креација на две тркала во никој случај не навестува, а камоли дека тоа би значело враќање на Voxan помеѓу  производителите на сериски мотоцикли. Поизвесно е дека станува збор за уникатен примерок направен со само една цел – поставување светски рекорд во однос на најголемата брзина што ја развива електричен мотоцикл.

За да се постигне целта, групата Venturi group конструира особено издолжен мотоцикл кој има многу аеродинамични додатоци, така што дури и потсетува на средновековниот витез во темелно дизајниран оклопен костум.

Wattman  се напојува со постојан магнетски мотор кој развива 270 kW (367 КС), додека енергијата е извлечена од акумулаторот за литиум-јонски батерии од 15,9 kWh. Интересно е што батериите се тешки мерат 140 кг, или речиси половина од 300-кг тешкиот мотоцикл на струја.

Покрај мала тежина, аеродинамичните карактеристики се од клучно значење за постигнување светски рекорд.

Тоа е и причината зошто инженерите се решија на необичен систем за ладење со сув мраз. Инсталирањето на класичен ладилник во предната зона на мотоциклот ќе го оневозможи аеродинамичниот дизајн и ќе придонесе за целосен спротивен ефект.

Значи, наместо класичното решение, за моторот е развиен течен систем за ладење, кој во најмала рака не се потпира на челниот ветер, и кој работи со пренесување на течноста за ладење што поминува низ сандак со сув мраз поставен под седиштето.

На тој начин се елиминира потребата да се користи воздух за ладење, а сувиот мраз не се топи така што не се претвора во вода.

Wattman веројатно ќе биде искористен за да се вози на кратко растојание, односно доволно долго за само да постави рекорд.

Во јули следната 2021 година, Макс Бјаџи треба да седне на Voxan Wattman, а тоа ќе се случи на соленото езеро во Боливија.

Тековниот рекорд во однос на најбрзото возење на електричен мотор го држи Јапонецот Руји Курута, кој се возел со брзина од 329 км/ч со моделот Mobitec EV-02A.

Во компанијата Venturi се убедена дека ќе постигне брзина од најмалку 330 км/ч.

Сепак, веројатно е дека ќе биде можно да се движи многу побрзо со Wattman гумите развиени со Michelin, што, пак толерираат брзина до 350 км/ч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

MV Agusta Superveloce 800 цени и спецификации

Škoda Enyaq iV- 2021: прв чешки SUV, класа на Kodiaq е навистина „вау”!

Електричен  Aviar R67 – Mustang на струја од Русија

Електричниот Fisker Ocean ќе се произведува во Австрија!

Пристигнува нова Honda CBR600RR

Hyundai го лансира Ioniq како нов суб-бренд за ЕВ

Honda Motocompo, електричен скутер како измислен за урбаната џунгла на асфалтот!

Lucid Air ќe го надмине Teslа во однос на автономијата на EV

Електричен EMX мотокрос од Холандија