Мотоцикл од дрво вози со 220 km/h!

Во NEWRON планираат да произведат само 12 примероци на тој единствен мотоцикл…

Пред нарачките за електричниот, дрвен, мотоцикл наречен EV-1 се отворени, откако производителот Newron, од Франција, во текот на минатата 2019 година го презентира својот необично дизајнирано возило на јавноста.

Под беспрекорниот дизајн, се крие голема батерија во форма на цилиндар, a LED осветлувањето што има можност за менување на бои, е поставено околу батеријата, истакнува Design Boom.

Може да постигне брзина од 220 km/h, a пред да се испразни батеријата EV-1 може да помине до 300 km.

Батеријата ја подржува технологијата на брзо полнење што трае околу 40 минути.

Мотор моќен 75 kW има потенцијал да забрзува од 0 до 100 km/h за само три секунди.

Преку партнерство со компаниите Dassault systems и Advans, од Франција, Newron планира да произведе само 12 примероци на овој мотоцикл во тековната 2020 година.

Спомнатите компании веќе соработувале на проектот за подобрување на забрзувањето, a Newron во моментот развива интелигентен систем што би им овозможил на возачите да зададат сакана дестинација на мотоциклот како возилото би можело енергијата со која располага да ја искористи на најефикасен начин.

Тиее што сакаат да резервираат сопствен примерок на овој единствен мотоцикл треба да дадат депозит во висина од 2000 евра, а вкупната цена, на истиот изнесува „само“ 60.000 евра.

Во случај клиентот да се откаже од купувањето депозитот ќе биде вратен, а испораките, ако се се одвива според предвиденото, се очекуваат во текот на наредната 2021 година, барем така стои на страницата на компанијата Newron.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Италија пристигнува вирус на две тркала – Vyrus Alyen

BMW R18 – новиот крстосувач конечно покажан

Kawasaki Ninja ZX-25R во карбонско издание

Електричен мотоцикл од иднината – Z Motorcycle

3Д Печатење – иднината на изработка на мотоцикли

На радост на моторџиите вљубени во BMW пристига новиот R18

Harley-Davidson со Porsche дизајн на агрегат!

Мотоцикл Lazareth LM 410 чини100 илјаи евра

Нај сестран електричен мотоцикл на светот -Cake Ösa