Мотоцикл што лета од Subaru

Во филмовите од седумдесеттите и осумдесеттите, особено оние во научна фантастика, можевме да видиме бројни креации, oо кои некои станаа реалност неколку децении подоцна, но повеќето останаа само идеја…

Едно од поинтересните беа возилата што може да се трансформираат во друго превозно средство. На љубители на две тркала, посебно внимание привлекоа летечки мотоцикли. Тоа е интересен концепт, кој, сепак, може да стане реалност во блиска иднина.

Имено, јапонскиот производител на автомобили, Subaru, неодамна регистрираше патент за мотор кој освен што може да вози по пат, може и да лета!

Јапонците минатиот месец регистрираа патент во американската Агенција за интелектуална сопственост, а самото создавање беше опишано како мотоцикл со можност за вертикално полетување и слетување.

Интересно е што моторот што лета ќе биде придвижуван од мотор со внатрешно согорување, а не од електричен.

И покрај возбудата што ја носи можноста за ваков концепт, многу е веројатно дека ќе бидат потребни години работа пред овој мотоцикл да биде подготвен за пат и воздух.

Сепак, самиот факт дека реномирано име како Subaru работи на реализација на оваа идеја влева самодоверба дека еден ден ќе ја видиме на дело оваа навистина необична креација.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

KTM RC 8C распродаден за пет минути!

Yamaha карбон неутрална до 2050

BMW CE 04 нова страница во урбаната мобилност на иднината на две тркала

BMW планира A2 верзија на R18

BMW S 1000 RR во специјално издание Isle of Man

KTM 450 Rally Factory Replica

Lancia освојува со електричен скутер!

Suzuki подготвува ривл на Yamaha R7

MV Agusta подготвена за епски подвиг и влез во „Гинисовата книга на рекорди“