Можно е Volvo да понуди атрактивен спортски автомобил

Иако шведскиот производител на автомобили не е толку тесно поврзан со возила со високи перформанси, како некои негови ривали од премиум лигата, тој сугерираше дека тие би можеле да понудат многу возбудлив спортски автомобил во иднина…

Во изјава за Car Sales, главниот оперативен директор на Volvo, Бјорн Анвол (Bjorn Annwall), рекол дека е важно брендот да има водечки модел и изгледа отворено за идејата за спортски автомобил.

„На секоја марка на автомобили му треба малку зачин за да помогне да се поместат границите на она што навистина е автомобил, а мислам дека и Volvo треба да има таков модел“, рекол Анвол.

Иако тој не сакал да потврди дали Volvo веќе работи на нов автомобил со две врати, тој ја призна привлечноста на таквите модели.

На крајот сепак мора да имаат деловна смисла, пренесуваат светските информативни агенции.

„Како дизајнери на автомобили секогаш сакаме да правиме забавни работи како купе или суперспортски автомобил затоа што е забавно“, рекол на крајот тој.

„Останете во тек“, рекол Анвол кога директно го прашаа дали е возможен нов спортски автомобил или не.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Mufasa

Регистерска табличка со ознака „R“ продадена за три милиони евра

Најдобри возачи на светот се Јапонци, а најлоши од Тајланд

Популарноста на кинеските возила расте ширум светот

Maserati би можел да направи неколку уникатни модели

Супер-спортист на Lamborghini, со делови“ од пристапни секојдневни модели!

Како би изгледало кога Bugatti, Porsche и Rolls-Royce би произведувале камиони?

VW ја разгледува можноста за електричен pick – up наменет за пазарот во САД

Ineos планира повеќе нови модели вклучувајќи и два електрични