Можно повторно заживување на Lotus Elan!

Автомобилската марка од Велика Британија Lotus, инаку во сопственост на автомобилскиот гигант од Кина Geely, во иднина би можела да понуди помал ултра лесен спортски автомобил што би го носел добро познатото име Elan…

Потсетуваме тоа име оваа мануфактура на ултра лесни спортски автомобили од островот за прв пат го лансира во 1962 година.

Евентуално ако и се појави модерниот Elan би бил директен конкурент на  Porsche Boxster и тоа би можел да биде еден од плодовите на новата модуларна платформа за спортски модели што ја развиваат во Lotus (a каде ќе бидат употребени алуминиум и композитни материјали).

Сепак, работата на новата платформа е штотуку започната, па првите модели изградени врз истата се очекуваат дури за три, а можеби и за четири години.

Тука треба да се потсетиме дека Lotus во 2010 година на Салонот за автомобили во Париз веќе го има претставено концептот на новата генерација на Elan, но исто така треба да се рече дека од сето тоа тогаш не испаднало ништо

Како и да е, сега станува се по извесно дека првите луѓе во Lotus имаат големи планови со тек на времето да го зголемат производството во своите погони на околу 10.000 автомобили на годишно рамниште.

Потсетуваме во минатата 2018 година во Lotus се произведени само 1.630 автомобили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Ford Bronco нема непристапен терен!

Tesla подготвува уште еден pick-up, покрај Cybertruck

Infiniti станува Nissan plus!

Lexus IS ситно брои до глобалната премиера на новата гeнерација

10-те најпопуларни автомобили во Германија

Porsche Behind the scenes: Ново доживување за сопствениците на возил од  брендов

Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари

Електричен Hercules Alpha

BMW M2 (2021): нов ултра-спортски дериват на баварскиот компактен тркач