Му ја украдоа победата на Иџе, па жестоко удри по Италијанците

Игор Стефановски Иџе не успеа да дојде до победата на ТЦР трката што се одржува во Имола.

Нашиот возач заврши на првото место, но доби казна од пет секунди затоа што е обвинет дека додека беше во сендвич од два автомобила, тој ги истуркал од патеката. Можеби ќе успееше да се качи на подиумот, но пред крајот на трката на патеката влезе safety car, па Иџе беше далеку од водечката тројка.

Стефановски толку се изнервира што веднаш по трката, во видео јавување остро ги навреди Италијанците и ги посочи како главни виновници за неговиот неуспех. Втората трка се вози утре и нашиот натпреварувач ќе се обиде да дојде барем до место меѓу првите тројца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Милиони животи да се спасат на патиштата“- Жан Тод

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Скроен планот за старт на Formula 1 сезоната!

Нашите Твинговци со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник 

Македонските „Твинговци“ со фантастичен настап на „Гробник“

АКК Рено Спорт ја стартува втората сезона на  Twingo Cup  со интернационален трка на „Гробник“

Toyota ја претстави унапредената GR Supra за 2021 со 387 КС

Ferrari го претстави својот нов болид – SF1000

Carlos Sainz, Ricky Brabec и Andrey Karginov „кралеви“ на Dakar 2020