Murray T.50 со премиера во Август

Наместо во мај, како што претходно беше објавено, Gordon Murray ќе го претстави својот нов супер спортски модел Т.50 во август годинава…

Моделот Т.50 е најавен како духовен наследник на легендарниот McLaren F1, а благодарение на неговата лесна конструкција изработена од карбонски влакна, Т.50 ќе тежи само 980 кг.

Ќе се напојува со централно поставен 3,9-литарски, V12 атмосферски мотор, обезбеден од Cosworth.

Во веста се наведува и дека споменатиот мотор ќе може да се врти до 12.100 вртежи во минута, како и дека ќе развива  моќ од 650 КС како стандард (со 48V интегриран стартер – генератор и 700 КС).

Преносот на силата ќе биде преку Xtrac шест-степен мануелен менувач на брзини, додека погонот ќе биде на задните тркала.

Инаку, Т.50 е долг 4380 мм и широк 1850 мм, а во него има простор за тројца патници.

Се планира да се произведе ограничена серија од само 100 примероци, по цена од 2 милиони британски фунти (околу 2,2 милиони евра) по примерок, се разбира без давачките

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брендирани маски и еколошки Fiat 500e за претседателот на Италија!

Ставата на Ferrari 250 GTO повеќе не е заштитена – реплики на повидок

Наскоро Mercedes-AMG GT Black Series

Неуништливиот Aurus: Луксузната руска лимузината ги мина сите тестови

Најавен новиот Ford Bronco

Шефот на Nissan се извини поради загубите!

Lamborghini најави промоција на ново возило на 8 јули

AC Cobra вратена во живот и електрифицирана!

Американците го истражуваат Teslа: Пожарите на постарите Model S изведби можеби не се случајни!