Murray Т50 во мај 2020

Предизвик е да се направи автомобил достоен наследник на McLaren F1, но ако зад таков проект стои легендарниот Гордон Мареј ( Gordon Murray) тогаш може да се очекува навистина нешто исклучително што надминува се остварено досега…

Имено, Murray, во мај  наредната 2020 година ќе го претстави новиот спортски модел T.50, кој е и најавен како „духовен наследник“ на погоре спомнатиот  McLarena F1.

Додека се чека на премиерата, тука се и првите официјални слики на идниот супер спортски автомобил.

Благодарение на лесната конструкција изработена од јаглеродни влакна T.50 ќе има маса од само 980 kg.

Како погонски агрегат ќе биде искористен атмосферски бензинец, со работен волумен од 3,9 литри, со 12 цилиндри поставени во форма на латинската буква V и централно поставен, што инаку ќе го развие тимот на Cosworth.

Во информацијата исто така е речено и дека спомнатиот мотор ќе може да се врти дури до 12.100 в/мин., како и дека ќе испорача моќ од околу 700KS.

Исто така, како помош ќе има и  48V интегриран стартер – генератор.

Менувачката кутија ќе биде i Xtrac шест степен мануелна, а погоот ќе биде на тркалата од задната оска.

Инаку габаритот на T.50 e должина од 4380 mm и широчина од 1850 mm, a ќе место за тројца патници.

Се планира производство на лимитирана серија од само 100 примероци, при што секој од нив ќе чини од два милиони британски фунти ( над 2,2 милиони евра) и тоа без давачките

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volkswagen ID.4 дебитира во април на салонот за автомобили во Њујорк

Лажен Ferrari поскаш од оригинлен, нов!

Годинава се очекува промоциј на нови BMW M3 и BMW М4

Renault на годинешниот Rally Dakar настапи и со хибриден камион!

И возилата може да се одбранат од хулигани докажа Тesla Model 3„

Jaguar Land Rover со седишта што симулираат „џогирање“

Најпродавани автомобилски брендови во 2019 според focus2move!

По рекордната 2019 Lamborghini со големи планови за 2020 година

Познатото лондонско такси и во Токио!