Mustang Mach-E првин во Европа, со поинаков изглед и спецификации одошто во САД

Веќе пишуваме дека Ford  својот Mustang Mach-E најнапред ќе го продава на Стариот континет, а потоа во Америка, а вчера, во Лондон имаше деби  пред европската јавност…

Во Ford  се приклучија на останатите производителите кои ќе го прескокнат годинешниот Саем за автомобили во Женева, па затоа Америанците својот прв електричен автомобил, Mustang Mach-E, во Европа го претстаија во Лондон, во рамките на манифецијата на Ford, Go Electric.

Радикално поинаков од оригиналот чие име го носи, електричниот кросовер на Ford, Mustang Mach-E, ќе биде оптимизиран  да одговори на очекувањата и навиките на европските возачи, но и европските патишта, а за таа цел инженерите на Ford го рекалибрираа управувачкиот систем, системот на потпирање, функцијата за ESP и има специјално прилагоден погон на сите четири тркала, за верзијата  со таква опција.

Во американската компанија не објавија колку купувачи во Европа веќе го резервирале својот електричен Mustang Mach-E, но истакнаа дека повеќето се одлучиле за верзијата со заден погон која го вклучува најголемиот понуден капацитет на батериите, а тоа е 98,8 kWh со кој Mach-E, според WLTP нормите, со едно полнење би требало да има автономија од 600 km.

Покрај учеството во проектот IONITY заедно со компаниите BMW, Daimler и Volkswagen, кој до крајот на годината ќе резултира со инсталирање на 400 станици за брзо полнење ширум Европа, Ford на Стариот континент ќе инсталира и 1.000 сопствени полначи.

Иако купувачите во Европа први ќе го добијат новиот Mustang Mach-E, цените се уште не се познати, додека во САД, електричниот кросовер се нуди во пет верзии, со почетна цена од 43.895 долари ( без субвенциите).

Базичниот модел со заден погон има батерија со капацитет од 75,7 kWh, 285 КС и автономија од околу 370 km., а  топ варијантата GT чини 60.500 долари, co автономија од околу 378 km, а  моќен e  465 КС и 830 Nm.

Перформансите на Mustang Mach-E GT се забрзување од  0 до 60 милји на час (0-96 km/h) за околу 3,5 секунди.

Во внатрешноста на Mustang Mach-E GT доминира голем, 15,5-инчен екран за мултимедијалниот систем,  преку кој се подесуваат разните команди и функции во автомобилот со  последната генерација на Ford SYNC мултимедијалниот систем што поддржува гласовни команди….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ferrari Portofino M -„Пропнатото коњче“ блеска и во време на криза!

BMW 128ti новиот жежок хечбек на Баварците

DS претстави луксузен DS 7 Crossback Louvre Edition

Mitsubishi со тизер го најави Eclipse Cross

Dacia најави SUV со 7 седишта за 2021

Nissan го претстави новиот Z Proto

Новиот Hyundai Tucson се разоткри пред јавноста

Jaguar F-Pace доби свое освежување

Новата Mercedes C Class може да и зададе многу грижи на баварската Series 3