MV Agusta Dragster 800 RR America

Познатиот производител на мотоцикли од Италија – MV Agusta деновиве лансира нова специјализирана верзија на моделот Dragster 800 RR, што е посветена на 25-от роденден на моделот Brutale America…

Само како потсетување ќе кажеме дека пред четврт век првиот Brutale, дизајниран од страна на легендарниот Масимо Тамбурини, го оживеа името America и тоа со препознатливата црвено – бела – сина комбинација на бои од знамето на САД.

Првиот America модел на платформа со три цилиндри и работна зафатнина од 800 кубни сантиметри е претставен во 2012 година, a сега доби нова интерпретација  во форма на машина што го носи името Dragster 800 RR America.

Новиот Dragster America со себе донесува атрактивна комбинација на бои што, пак, дополнително, ги апострофираат  оригиналните карактеристики на овој мотоцикл, со што истиот уште повеќе се истакнува со својот надворешен изглед.

Тука се и техничките карактеристики што се водечки во класата, а исклучително внимание им е посветено на детаљите, вклучувајќи го тука и резервоарот за гориво украсен со ѕвездички, како своевиден омаж на моделот 750S.

Преубавите и уникатни фелни на мотоциклот , од друга страна, пак, заедно со поготре наведените ѕвездички се дополнителен прилог на омаж на знамето на САД, што севкупно може да се констатира и преку тробојната комбинација на сината,, белата и на црвената боја, заедно со – America Special Edition, ознаката што е поставена на инструменталната табла, проследена со бројот на произведениот модел.

Инаку, моделот MV Agusta Dragster 800 RR America ќе има и дополнителна ексклузивност, бидејќи ќе биде произведен во строго лимитирана серија од само 200 примероци, a идните купувачи за својот метален ат на две тркала , од производителот, ќе добијат и специјален сертификат, односно потврда за автентичноста.

Не треба ниту да се рече дека целата серија е веќе нарачана од страна на бројните поклоници на италијанската марка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ducati пред производство на електричен мотоцикл

Сензационално – Првиот 3D мотоцикл целосно e веќе отпечатен!

Полицијата во Дубаи со мотоцикли што летаат!

Arc Vector електричен мотоцикл со Human Machine Interface за само 120.000 долари!

Нови BMW R 1250 R и RS претставени на EICMA 2018!

Ducati со нов Panigale V4 R

Електичен мотоцикл од Индија

Потпис на денот во Мото ГП – Крачлоу во главната улога