MV Agusta ја претстави новата Superveloce S линија

MV Agusta ја претстави линијата Superveloce за 2021 година, која се состои од стандардна и нова верзија „S“…

И двете варијанти имаат ист мотор, со тоа што „S“ може да се пофали со низа други детали, како што се нови бели графики, кожни седишта Алкантара и тркала со „спици“.  Големата новост за 2021 година е под оклоп.

Станува збор за единица DOHC со водено ладење, со работен волумен од 798 кубни сантиметри, која сега има хомологација со Euro5, но сепак испорачува 147 КС при 13.000 вртежи во минута. Тука се нови вентили, водилките на вентилите, кои помагаат да се намали триењето и да се зголеми ефикасноста на потрошувачката.

Инженерите во Варезе целосно го редизајнираа издувниот систем за гасови, со посебен фокус на исполнување на новите регулативи за емисија на штетни гасови. Контролната единица исто така доживеа промени, чиј систем за управување сега испорачува попрецизни информации.

Линијата Velocе за 2021 година има и нова единица за инерцијално мерење (IMU), која користи голема количина на информации за да обезбеди прецизна и оптимална контрола над мотоциклот.  Целокупните промени во платформата на IMU резултираат во поголемо уживање и поголема леснотија на управување. За сопирањето се грижи Continental системот, со ABS и поставките прилагодени на италијанскиот мотоцикл. Постои и контрола на пролизнување.

Покрај тоа, Superveloce, во обете верзии, доаѓа со третата генерација на двонасочен quick shift менувач на брзини , кој, благодарение на новиот сензор за контрола ја подобрува промената на брзината. Од останатите големи промени тука се и 5,5-инчен TFT екран, можност за поврзување преку апликацијата MV Ride и навигација.

Засега нема информации за цената, но која и да беше, сигурно е дека ваква машина брзо ќе се распродаде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричен концепт мотоцикл – Husqvarna E-Pilen

Untitled Motorcycles претставува електричен мотоцикл од новата ера

BMW F900 Force

За помалку од еден час распродадени сите 500 примероци на KTM 1290 Super Duke RR

Segway Apex H2

BMW CE 04

Електричен концепт што прочистува воздух за време на возењето- Aether

Електричен Triumph TE-1

Harley Davidson стартува со производство на Pan America моделот