MV Agusta Lucky Explorer 9.5 ќе биде посилна од нејзините ривали

MV Agusta, за прв пат во својата историја, ќе влезе во сегментот на авантуристички мотоцикли со својот претстоен модел со име Lucky Explorer 9.5…

Комплетен со 21-инчно предно тркало, теренска суспензија и рамка, Lucky Explorer 9.5 треба да дебитира некаде следната година. Мотоциклот се уште е во фаза на прототип, но неодамна претставници на најважните медиуми имаа можност да ја видат новата машина на дело, на специјално организиран настан.

Lucky Explorer 9.5 ќе има сериозни ривали во сегментот ADV од средната класа, меѓу нив и KTM 890 Adventure, Triumph Tiger 900 линијата и неодамна лансираниот Ducati DesertX. Иако 9.5 е првиот претставник на италијанската компанија во ADV сегментот, оние кои имаа можност да го тестираат велат дека е модел на вистински теренски потенцијал.

Тој е придвижуван од нов линиски мотор со три цилиндри, со работна зафатнина од 931 кубен сантиметар. Единицата е базирана на платформата од 800cc, која ја формира основата на F3 и Brutale. MV Agusta направи голем број модификации, вклучително и нова глава на цилиндерот.

Како резултат на тоа, споменатата единица испорачува моќ од 121,4 КС при 10.000 вртежи во минута и 102 Nm максимален вртежен момент при 7.000 вртежи во минута. Така, Lucky Explorer 9.5 ќе биде посилен од споменатите пазарни ривали.

Има и брз менувач (quickshift), како и клешти за сопирачки Brembo Stylema

Други карактеристики вклучуваат:

Целосно прилагодлива суспензија на Sachs

Резервоар за гориво со волумен од 20 литри

Гуми Bridgestone A41

7-инчен TFT инструмент табла со Bluetooth конекција

Што се однесува до електрониката, новиот модел ќе може да се пофали со темпомат, ABS, четири режими на возење (Urban, Touring, Off-Road, Custom), инерцијална мерна единица (IMU), контрола на тракција, контрола на подигнување на предните тркала.

Што се однесува до цената, MV Agusta засега не сакаше ништо да открие.

Со оглед на тоа дека се работи за премиум модел, очекуваме да биде поскап од мотоциклот Ducati DesetX.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Super Soco лансира два нови електрични мотоцикли

GasGas  RX 450F Replica наскоро на пазар

Honda XL Transalp нов tourer на јапонската марка

Moto Morini ја претстави линијата Seiemmezzo

Can-Am

Ducati Scrambler

Custom Ducati вреден половина милион долари!

MyMover – уникатен скутер на Piaggio достапен само на пазарот во земјата на Изгрејсонцето

MV Agusta F3, Turismo Veloce и Dragster со RC третман