MV Agusta најави нова уникатна креација базирана врз Brutale 1000 RR

Легендарниот италијански производител на мотоцикли MV Agusta најави екстремно ограничена серија на Brutale 1000 RR hyper Naked, што пристигнува под името Blue and White M.L.!!!!

Машината се базира на Brutale 1000 RR мотор, кој има повеќе од 200 КС на располагање, а располага со уникатна комбинација на бои инспирирани од слични ограничени верзии достапни во каталогот на MV Agusta.

Главниот инспиративен елемент е Brutale 910R Italia, мотоцикл што беше направен во чест на победата на Италија на Светскиот шампионат во фудбал во 2006 година.

Тогаш, секој од членовите на селекцијата на „Азурите“ доби по еден примерок, а еден отиде во рацете на селекторот на националниот тим.

Мотоциклите ги врачи тогашниот извршен директор на компанијата, Клаудио Кастиљони.

Останатите мотоцикли што го инспирирале Адријан Мортон, водечкиот дизајнер на MV Agustа, се „Brutale 800 Italia“ од 2013 година, како и различни верзии на моделот Brutale America.

Покрај блескавата боја, оваа уникатна машина има и украсни елементи во мат златна боја, а има и алуминиумски тркала.

Бидејќи остатокот од мотоциклот изгледа прилично фабрички, можеме да претпоставиме дека има моќ од повеќе од 200 КС, како и нејзината основа врз која е базиран.

Пакетот вклучува и режими на возење кои опфаќаат трка, спорт, дожд и од возачот прилагодени вредности, а мотоциклот веројатно ќе има и системи за палење и контрола на вртење на  тркалата,  исто како и кај Brutale 1000 RR.

Бидејќи ова е уникатна креација, новиот сопственик ќе добие задолжителен сертификат со кој се потврдува дека серискиот број на мотоциклот е 001/001.

И, како што се очекуваше од ваквите егзотики на две тркала, цената сè уште не е позната.

Но, имајќи го сето погоре наведено, навистина се сомневаме дека таа ќе биде мала.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Suzuki подготвува хибридни мотоцикли!

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

Првиот Aston Martin AMB 001 мотоцикл тестиран на тркачка патека

Brixton Crossfire 500

Ducati Superleggera V4 и официјално стартува со производство

 Ducati Hypermotard 950 RVE

Vespa 946 Christian Dior – родена е новата икона!

MV Agusta планира нов F4