MV Agusta планира нов F4

Доколку се верува на достапните информации во MV Agusta работат на нова верзија на најпознатиот спортски мотоцикл од модерното време, еден литарскиот литар F4…

Потсетуваме F4 веќе неколку години не е во линија на италијанскиот бренд, откако неговото производство запре во 2018 година, заради усвојување на нови регулативи за емисија на гасови – Euro4.

 

F3 800 и F3 675 остануваат во производство, иако на многумина им недостасува моторот со четири цилиндри и моќ од над 200 КС.

„ Лебедова песна“ F4  беше посебна варијанта наречена Claudio, направена во 2018 година, во серија од 100 примероци.

Имаше машина моќна 214 КС, а тежина од 180 кг, со цена од околу 72.000 евра.

 

Сепак, љубителите на F4 имаат причина да бидат задоволни, затоа што директорот на компанијата, Тимур Сардаров, потврди дека се подготвува враќање на оваа популарна машина.

„Имаме јасни и прецизни планови за заживување на марката, во кои спаѓа и новиот F4. Планираме да се вратиме на оваа платформа најдоцна до 2023 година, со враќање во WSBK шампионатот “.

 

Можеме да очекуваме исклучителни перформанси од новата генерација на F4. MV Agusta F4 беше една од најмоќните и нај возбудливи спортски машини на пазарот, така што веруваме дека италијанската компанија ќе направи достоен наследник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Suzuki подготвува хибридни мотоцикли!

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

Првиот Aston Martin AMB 001 мотоцикл тестиран на тркачка патека

Brixton Crossfire 500

Ducati Superleggera V4 и официјално стартува со производство

 Ducati Hypermotard 950 RVE

Vespa 946 Christian Dior – родена е новата икона!

Harley-Davidson Country Cruiser – мотоцикл со две задни тркала