MV Agusta подготвена за епски подвиг и влез во „Гинисовата книга на рекорди“

MV Agusta сака да го достигне местото во Гинисовата книга на рекорди со преминување преку целиот континент – Европа за само 24 часа…

Според италијанската компанија, најновиот потфат ќе бара од нив да поминат патека долга 1.931 километар преку континентот, почнувајќи од Шведска и завршувајќи до Италија.

Мотоциклот кој ќе има чест да тргне на ова патување е неодамна освежениот Turismo Veloce, а ќе го вози италијанскиот новинар Валерио Бони.

„Ова долго, епско патешествие низ Европа несомнено ќе има исклучително големи барања како за машината , така и за самиот возачот.

Сепак, новото издание на мотоциклот Turismo Veloce има се што е потребно за да се постигне целта во сегашните услови.

„Благодарение на технологијата донесена од Turismo Veloce, ќе можеме да ја споделиме целата авантура преку веб-страницата www.mvagusta.com со сите љубители на мотоцикли.

Патувањето започнува од Шведска, поточно од Малме, а целта е да се стигне до седиштето на компанијата MV Agusta во Варезе.

Бони ќе мине низ Шведска, Данска, Германија, Холандија, Белгија, Луксембург, Франција, Швајцарија, Австрија, Лихтенштајн и Италија, а доколку успее да ја постигне целта за 24 часа, ќе постави нов рекорд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наскоро нова Honda Transalp

BMW Concept CE 02

Husqvarna FS 450 Supermoto

Мотоциклистите повеќе нема да учествуваат на „Пајkс –Пик“ трката

CB1000R 5Four ексклузивно издание на Honda CB 1000R во само 54 примероци

Yamaha ќе развива ласерска технологија

Групацијата Piagio со рекордно полугодие

Ducati 860 E-Concept

Malaguti подготвува сосема нов модел – Drakon