MV Agusta Superveloce 800 цени и спецификации

Во мај годинава, MV Agusta го претстави новиот Superveloce 800 во две исклучително привлечни комбинации на бои, а сега италијанската компанија одлучи да открие што носи новиот мотоцикл, како и нејговата цена…

Купувачите на европскиот пазар ќе треба да платат 19.900 евра за новиот Superveloce 800, и еве што ќе добијат за тие пари.

Superveloce 800 комбинира елементи од минатото на реномираниот производител со најнова технологија.

Некои од спецификациите се од моделот Brutale 1000 Serie Oro, а новата машина ќе се пофали со наплив на модерна опрема, како што се LED осветлување, 5-инчен TFT- инструмент табла и многу повеќе.

„Срцето“ на новиот модел Superveloce 800 е во линија мотор со  три цилиндри-  DOHC, со работна зафатнина од 798 кубни сантиметри и ладење со вода. Испорачува 148 КС на 13,000 вртежи во минута и 88 Nm максимален вртежен момент при 10.600 врт / мин.

Покрај сето тоа, има и систем за вбризгување MVICS, подобрена единица за контрола на работата на моторот (ECU), ride-by-wire  контрола на вртежниот момент, контрола на влечење (пролизнување) и многу повеќе.

Згора на сето тоа, има електронскиот MV Agustin EAS 2.1 quickshifter менувач на брзини.

Спецификации:

-ALS од челични цевкиi trelis ram

-целосно адаптивни 43-mm Marzocchi USD телескопска хидраулична вилушка

-Sachs заден амортизер што потполно се регулира

-предни 320-mm dual диск сопирачки

-задни диск сопирачки

-Bosch 9 Plus ABS (од тркачки мод на работа)

-17-инчи алуминиумски фeлни + Pirelli Diablo Rosso Corsa II пнeвматици

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баварците го претставија првиот мотоцикл со М ознака

Novus- електричен мотоцикл со исклучително мала маса и висока цена

Italjet Dragster

Нов Peugeot Metropolis

Пристига Ducati Monster 821

Пристигна Bimota Tesi H2

Пристигнува електричен скутер Husqvarna E-Pilen

Во свитата на Путин наскоро и електричен мотоцикл Aurus Escort

Вака би можел да изгледа електричниот „супер бајк” на KTM