MY AMI CARGO: УНИКАТНО И ПАМЕТНО ЕЛЕКТРИЧНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ

-Со претставувањето на My Ami Cargo, уникатно и паметно електрично решение за испорака, Citroën продолжува да иновира за професионалците, нудејќи ги сите придобивки од Ami и вкупен корисен волумен од преку 400 l и корисна носивост од 140 kg благодарение на оптимизиранот модуларен простор во делот кај совозачкото седиште.

-Оваа нова електрична понуда е соодветен и модерен одговор за грижите на локалните услужни компании, услуги за испорака, трговци, занаетчии, трговци-поединци, локални власти и административци, па дури и производители.

-My Ami Cargo комбинира корисна носивост, функционалност на подвижна канцеларија и придобивки од електричната мобилност, вклучувајќи и нула емисија на CO2 за еколошка мобилност и слободен пристап до зоните со рестрикција, лесно полнење за само 3 часа на стандарден приклучок, смиреност што доаѓа со електричниот режим на управување и со контролираните трошоци за користење. За €400 повеќе од верзијата Ami Ami, нуди поголема заштита од судири и лоши временски услови, подобрен капацитет за товарење во споредба со возила на 2 или 3 тркала, а се покажа како поагилен во споредба со комерцијалните возила од повисок сегмент, благодарение на ултра-компактна форма и карактеристики за управување на пат.

-За неговото лансирање закажано кон крајот на мај, иновативното дигитално искуство, создадено за Ami преку наменска веб страна за продажба, ќе биде отворена за My Ami Cargo со поврзани понуди и услуги достапни за професионалците.

Семејството на Ami расте, со доаѓањето на комерцијалниот модел, My Ami Cargo, иновативното економично решение на пазарот, во целост електрично, ултра-компактно и дизајнирано да излезе во пресрет на потребите на професионалците, од испорака на мали пакети на кратко растојание во урбани средини, па до патување од град до град.

„My Ami Cargo нуди генијално решение за новите предизвици на професионалците, кои имаа потреба да пренесуваат добра во возило што е паметно, функционално, електрично и економично. Се одликува со конвенционален и модуларен корисен волумен, нудејќи и решение за електрична мобилност што е  агилно, безбедно и уникатно. Тоа е возило кое обезбедува конкретно решение во испорака во последен km, особено кога станува збор за мали пратки, чијшто волумен во последните месеци се  зголемува во нагорна линија. My Ami Cargo претставува вистински деловен потенцијал, според првичното мислењето на различните деловни партнери со кои остваривме контакти. Оваа понуда ја комплетира програмата на Citroën за комерцијални возила, каде сега секој модел нуди и  електрична верзија.”.

Laurence Hansen, Директор за производ и стратегија во Citroën

РЕШЕНИЕ АДАПТИРАНО ЗА НОВИТЕ ПОТРЕБИ НА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ

Ограничувањата поврзани со градското возење, потребата за решение со нула емисија и значителниот раст на потребата за испорака на пратки се сите елементи што го наведоа Citroën да го развие My Ami Cargo, комерцијална верзија на моделот Ami. Тоа е идеално решение, електрично, лесно за управување, практично и економично, нудејќи им на професионалците смиреност при организација на работата, со решение што досега не постоеше.

Во My Ami Cargo, Citroën создаде модуларен товарен простор веднаш до седиштето на возачот, за пренос на пратки, пошта, алат и предмети од секаков вид, целосно безбедно. My Ami Cargo на тој начин нуди функционален простор за складирање комбиниран со придобивките на електрично возило. Нуди поголема заштита во споредба со возила на две или три тркала и дава можност за поголема агилност отколку лесните комерцијалните возила од повисок сегмент, благодарение на ултра-компактната форма и лесниот начин на управување.

My Ami Cargo е погоден за урбани услуги за испорака, кои се мултиплицираат, особено со растот на е-трговијата и со достава на храна до својот дом. Станува збор за корисно решение за многу други намени, вклучително и локални услужни фирми (водоводџии, електричари и бравари), трговци-поединци како медицински сестри, административци, локални власти и здруженија. My Ami Cargo е наменет за индустриски подрачја, каде одреден број на вработени реализираат повеќекратни посети од една структура до друга за достава на документи, алат, мала опрема и сл., за повеќе намени и инфраструктури во туризмот, како што се кампови, со што се прави значителен број на кратки патувања на дневна основа со цел информирање или помош за своите клиенти.

ПОГОЛЕМ КАПАЦИТЕТ ВО ПОКОМПАКТНА ФОРМА

Верзијата „поединец” на Ami ги изненадува сите со просторот во внатрешноста. Сè уште претставува  една од основните одлики на My Ami Cargo, генијалност „мал однадвор и голем одвнатре”. My Ami Cargo го задржува нетипичниот изглед на Ami, кој изнудува допадливост на прв поглед. Промените се видливи во внатрешноста, со распоред во патниичкиот дел со 260 l дел за складирање, кој може да прими корисна носивост од 140 kg, благодарение на замена на совозачкото седиште со модуларна заштитна кутија составена од 7 пропиленски делови:

–         Вертикална преграда што го одделува делот на возачот од товарниот дел. Поставена е да овозможи доволен простор и да обезбеди заштита на корисникот од товарот, за да може да ужива во комфор при возењето, идентичен на оној понуден кај стандардната верзија на Ami. Дизајнот беше инспириран според намената. Дизајнот е поттикнат од функционалноста. Издлабена форма во одделната преграда му овозможува на возачот доволен простор за да може да управува со рачната сопирачка без никаков проблем. Со висина која е калабрирана да остане под линијата на каросеријата и да се зачува видливоста од 360° за да се осигура безбедност.

–         Модуларна полица – служи како капак со можност да издржи 40 kg тежина – адаптирана на горната страна да формира вистинска подвижна маса. Пресек со формат A4 создаден за поставување документи како приемници за достава, книги за нарачки или за дигитален таблет.  Создаден е засек во задниот дел, со цел да помогне во задршката на предметите поставени на оваа полица. Прилагодлив е и може да се подигне или да се сврти кон возачот, за подобар пристап до просторот за складирање однадвор или кон вратата на совозачот со цел лесен пристап до кутијата директно од возачкото седиште. Полицата може да се отстрани, со што се овозможува складирање на предметите што се повисоки од зоната, да бидат поставени зад седиштето.

–         Рамен под прилагодлив на 2 нивоа. Може да се подигне и да заклучи вертикално без да се попречува товарниот дел или може да се спушти во хоризонтална положба рамно со задниот под на возилото. Оваа последна позиција му овозможува на корисникот да носи подолги предмети со корисна должина од 1,20 m. Вклучени се и стеги или ремени затегнувачи за да ги држат цврсто предмети кои се лесно кршливи .

–         Затворена кутија за складирање, во задниот дел, дизајнирана да собере предмети што треба да бидат безбедни, како што се паметен телефон или очила за сонце. Со копче се овозможува отварање на горниот дел.

Севкупно, My Ami Cargo има корисна зафатнина од над 400 l.

„Инспириран од верзиајта дизајнирана за поединци, My Ami Cargo ја задржува идејата која беше водечка за дизајнот на Ami (може да се вози со навршена возраст од 14 години, економичен, агилен и погоден за урбано управување, со периферна видливост и електричен мотор). Токму затоа ние создадовме иновативна внатрешност, што ни овозможува да имаме уникатна понуда на пазарот, а задржувајќи ја при тоа едноставноста и интелигентниот дизајн на Ami”. »

Thierry Michel – Директор на проектот Ami

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА ЗА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ

За да ја пренесат сликата за нивната компанија преку My Ami Cargo, клиентите наскоро ќе имаат можност за подетална персонализација на надворешноста, согласно нивните барање. Флоти со помалку од 10 возила ќе имаат можност да го постават своето лого на нивните возила My Ami Cargo, преку нашиот партнер или на веб-страната за продажба на Ami или на citroen.fr. А за возен парк со повеќе од 10 возила, сервисните центри на Citroën пред  испораката ќе можат да интервенираат директно на My Ami Cargo, да ја обојат каросеријата во избраната боја, да постават лого во форма на налепница или да постават прекривка за да ја претстават компанијата.

СИТЕ ПРИДОБИВКИ НА AMI ЗА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ

Citroën профитира од предностите на Ami: електричен, економичен, лесен за управување, компактен, агилен во град, се полни на стандарден приклучок од 220V, вграден кабел за полнење итн.

И над објектот како целина, целиот екосистем на Ami го редизајнира искуството на клиентот, целосно дигитален, како и ненадминливиот метод за дистрибуција.

 MY AMI CARGO НАСЛЕДНИК СИЛНИТЕ СТРАНИ НА AMI

–         ЕЛЕКТРИЧЕН: Првата карактеристика на My Ami Cargo е неговата електричност, па токму затоа тој има нула емисија на CO2. Професионалците затоа имаат целосен пристап до регулираните делови во централното подрачје, истовремено уживајќи во лесно и тивко возење благодарение на инстантно достапен вртежен момент при стартување на возилото. Неговата 5.5 kWH  литиум-јонска батерија се полни на стандарден приклучок за само 3 часа, едноставно како кај паметните телефони. Испорачува опсег за возење од 75 km, што совршено одговара за кратки патувања во или во близина на урбани центри. Моторот со моќност од 6 kW овозможува максимална брзина од 45 km/h.

–         АГИЛЕН: My Ami Cargo располага со ниско подвозје, правејќи го да биде компактен и агилен. Со мала големина –  2,41 m должина, 1,39 m  ширина и 1,52 m висина – заедно со изненадувачки лак при свиоци од 7,20 m, го поедноставува возењето, управувањето и паркирањето во град.

–         ЗАШТИТНИЧКИ: My Ami Cargo овозможува супериорна заштита во споредба со возилата на две или на три тркала, благодарение на неговата челична турбуларна структура што штити од удари. Понатаму, ви овозможува да патувате дури и при лоши временски услови во својот затворен и затоплен простор за патници. Висината на My Ami Cargo како и положбата при управување се на иста висина како останатите возила на патот, со што се овозможува добра видливост. Застаклените површини (ветробранското стакло, страничните прозорци, задното стакло и стаклениот покрив во стандардна опција) над каросеријата нудат видливост од 360° и светлина во внатрешностшноста, со што се добива чувство на благосостојба.

–         ПРИЛАГОДЛИВ: инспириран од  верзијата Ami Ami, My Ami Cargo им овозможува на клиентите да го прилагодуваат своето возило согласно нивните желби. Широка палета на дополнителна опрема во понуда: мрежа на вратите, патосници, прегради за складирање, држачи за смарт телефони, куќиште DAT@MI за поврзување на вашиот смарт телефон, го прават My Ami Cargo да биде пофункционален. Соодветна опрема за чување на предметите при отворање на вратата на совозачот: мрежа за држење на товар е поставена вертикално на страната на товарниот дел.

Овие додатоци се достапни на страната misterauto.com, практичен и брз начин за нарачка на артиклите што ќе ви бидат директно доставени до вашиот дом или работно место. Страната е достапна и преку апликацијата My Citroën. Паралелно, тие можат да се нарачаат и директно во овластените мрежи на Ami Citroën и мрежата на Eurorepar Car Services.

My Ami Cargo, нова и неконвенционална понуда за мобилност наменета за професионалците, со ненадминлив сооднос цена/карактеристики/заштита, ќе биде достапна за нарачка во Франција на крајот на мај on-line преку store.citroen.fr/ami.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова Dacia Logan Caravn на рендери

Subaru Forester facelift

Почна производството на  Citroen C5X

Новиот KIA Sportage во црна боја изгледа ко да е од друга планета!

И официјално новиот Lexus NX 2022

Најавен нов Maserati GranTurismo

Најавен нов Audi RS3

Nissan Z

Официјално Volkswagen Multivan T7