За тие што имаат, или ќе имаат можност да појдат во во Јапонија, во централните градски области, ќе забележат скутери на три тркала со препознатлив изглед…
Станува збор за мали возила со поволни цени кои најчесто ги користат рестораните и кафулињата за доставување храна и пијалаци до своите клиенти. Во Јапонија има многу такви скутери, а интересно е што ги произведуваат некои од многу познатите имиња во мото индустријата.
Меѓу нив е и компанијата Piaggio, која неодамна на јапонскиот пазар го понуди својот скутер со три тркала, кој се нарекува MyMoover. Тоа е симпатичен мопед за испорака, развиен исклучиво за клиенти во Јапонија.
Според Piaggio, MyMoover има две тркала назад и едно напред, а има и огромен простор за складирање во задниот дел. Интересно е што MyMoover при возење се однесува како стандарден скутер на Piaggio.
Волуменот на просторот за складирање е 261 литар, но според италијанскиот производител, MyMoover е стабилен како обичен модел. Структурата на самото возило е таква што обезбедува рамномерна распределба на тежината.
Ова обезбедува дополнителна стабилност и поприродно чувство на возење. MyMoover се напојува со стандарден едноцилиндричен мотор со водено ладење со работен волумен од 125 кубни сантиметри.
Покрај просторор за складирање од 261 литар во задниот дел, може да се носат дополнителни 20 килограми напред, додека пак торбите сместени во пределот на нозете можат да носат товар со тежина од уште пет килограми.
Кога станува збор за цената, Piaggio бара 913.000 јени за MyMoover, што е еквивалент на сума од околу 5.500 изразена во европски банкноти