На аукција Mercedes-Benz Pullman за 2,5 милиони долари

Постарите генерации ќе го помнат како статусен симбол, солидност, успех…автомобил на државници пред кој се простира црвен тепих и од кој не поздравувале со рака додеа ние крај патот им фрлавме букети цвеќе, помладите го гледале на фотографи, а денес е вистинско богатство за колекционерите ….

Накусо Pullman е продолжена верзија на Mercedes 600 со официјална фабричка ознака W100 што се произведувал од 1963, до 1981 година во само u 2.667 примероци.

Деновиве еден од овие скапоцени историски автомобили е понуден на продажба , односно на лицитација преку познатата куќа Auto Leitner. Моделот е од 1975 година со историја дека припаѓал на некои шоу бизнис ѕвезди од Холивуд и на еден диктатор.


Покрај тоа, овој Pullman e целосно обновен во соработка со официјалниот Mercedes-Benz оддел и тоа во Maybach класа што значи дека работата е направена по највисоките стандарди на квалитет и во целосна оригиналност. Се водело сметка за секој детаљ, од позицијата на возачот па се до луксузниот заден дел. Изобилството од кожа, врвно озвучување, ТВ, интернет конекција и фрижидер се дел од амбиентот на овој луксузен патен крстосувач во кој уживале неговите сопственици.


Од автомобилски аспект, Pullman 600 поминал само 1.112 km a под хаубата е инсталиран познатиот бензински мотор, со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со работен волумен од 6,3-литри, со моќ од 250 KS.

Моторот е во комбинација со автоматски менувач на брзини со четири степени на пренос на силата.


Доколку имате 2.15 милиони евра, или околу 2,5 милиони американски долари, овој олдтајмер би можел да биде ваш и секако би бил добра финансиска инвестиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа

Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Alfa Romeo 8C 2300 тркачка икона што знаела само за победи на жешките патеки!

Ралф Шумахер за свој нов автомобил ја избрал Lada Niva

Bentley Bacalar во бои на виножито!

Видео: Porsche 911 Turbo S забрзува до 100 km/h за 1,9 секунди

Полиција прекинала улична трка и уапсила 44 учесници- луда и опаснасна забава во време на пандемијата!