На електрониката кај модерните автомобили отпаѓа 45% од нивата вредност!

Секој што барем бегло ги следи случувањата во автомобилската индустрија добро е запознаен со тоа дека современите автомобили станаа компјутери на четири тркала…

Дури и просечниот модел со C-сегмент денес е полн со комплексна електроника, додека оние во високата класа опремени со способности за самостојност во возењето имаат повеќе од 20 километри кабли. Кога ќе се земат во предвид разните врски, отпорници, кондензатори, чипови и слични електронски компоненти, тогаш е јасно зошто батериите, како и целосната електрична инсталација на современи автомобили, се под голем товар.

Добро позната и докажана е тезата дека секој склоп е доверлив колку што е доверлива најслабата алка во истиот. А слабите алки кај новите автомобили се се повеќе и повеќе. Тоа е докажано со статистиката на дефекти на автомобили на старост од 12 до 24 месеци.

Повеќе од 85 % од проблемите се поврзани со електронските системи важни за удобност и безбедност на патниците.

Колку напредувал развојот на автомобилите во примената на електрониката, најдобро е илустрирано со преглед на минатото. Имено, не толку одамна во 2004 година, помалку од 20% од автомобилите биле опремени со системи како што се ESP, сензори за паркирање, странични воздушни перничиња и сензори за притисок во гумите. Во 2017 година, повеќе од 80% од новите автомобили биле опремени со истите овие елементи.

 

Од друга страна, вообичаена опрема денес се: воздушни завеси, автономно сопирање, систем за навигација, систем за откривање на слепи точки, камера за возење во рикверц и старт / стоп систем.

 

До 2000 година, електронските компоненти имаа удел од 18% во вкупната цена на ново возило, денес тие учествуваат со 40%, а се предвидува дека до 2030 година нивното учество во вкупната цена на ново возило ќе се зголеми на 45%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi најавува „пионерски” модели со висока ефикасност”

Новите модели на Fiat нудат заштита од вируси!

Видео Škoda Superb iV и VW Passat GTE паднаа на тестот „северен eлен”!

Lancia Ypsilon Hybrid EcoChic

Peugeot управувач: Од едноставна “рачка” до мултифункцонален управувач

Во BMW применета вештачка интелигенција за фарбање каросерии

Ferrari нема да произведува електричен супер автомобил -струјата се уште заостанува со перформансите!

Според Ford: Ford Focus ST e супериорен во однос на VW Golf GTI

EuroNCAP со нови прописи и построги критериуми