На глобално ниво Renault отпушта 15.000 работници!

Францускиот производител на автомобили Renault се подготвува да објави одлука за отпуштање на 15.000 луѓе ширум светот, како дел од планот за зголемување на профитабилноста по падот на продажбата, изјави портпаролот на синдикатот CFDT, по состанокот со раководството на компанијата…

Oколу 4500 работни места ќе бидат укинати во Франција, но најмногу преку план на доброволно заминувања и пензионирање, рекол претставникот на синдикатот Френк Даут.

Оваа мерка ќе опфати нешто помалку од десет проценти од работната сила на Renault што има околу 180.000 работници во светот, од кои 45.000 во Франција, пренесе AFP.

„Тие инсистираа на тоа дека за сè ќе се преговара“, рече Даут, додавајќи дека синдикатите и државните органи ќе учествуваат во разговорите за потенцијално укинување на работните места во Франција.

Renault одби да коментира, а извори на компанијата соопштија дека Управниот одборот усвоил план за заштеда.

Француската влада, која е сопственик на 15% од акциите на Renault соопшти дека нема да одобри заем од 5 милијарди американски долари на компанијата сè додека раководството и синдикатите не постигнат договор за работната сила и фабриките во Франција.

Компанијата се најде во проблеми како последица на пандемијата на корона вирусот, што дополнително ги урна  и претходно веќе лошите резултати од продажбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата Opel Mokka  со ново лого на Opel

Произведен првиот Aston Martin DBX

Ексклузивно- Toyota денес открива нов модел – crossover базиран врз Corolla?

Најавен нов Haval H6

Вуков од сезонава со Порше Карера во нов предизвик: Голем предизвик за мене!

Citroën C5 во 2021 ќе атакува на VW Passat!

Daimler ја продава фабриката на Smart, можен купувач- Ineos, производител на Grenadier. наследник на класичниот Defender !

Истрагата за аферата dieselgate се прошири и на добавувачот Continental

Volvo се стабилизира- во Јуни продал само за 2,1 % помалку автомобили