На продажба Ford GT што бил сопственост на неговиот дизајнер

Супер спортскиот автомобил Ford GT пристигна на пазарот во 2016 година како апсолутен предводник на компанијата, при што планирано е производство на само 1.350 примероци, а една од овие ретки супер автомобили е достапна на пазарот…

Денес е невозможно да нарачате нов примерок на Ford GT, иако производството ќе трае до 2022 година со цел нарачаните примероци да бидат доставени до клиентите.

Една од веќе произведените и испорачаните примероци е повторно на пазарот, а посебна е затоа што беше во сопственост на Мореј Калум (Moray Callum), човекот што го потпишува неговиот дизајн.

Кога Ford започна да го продава GT, се применуваше строг процес на апликација за да се осигура дека некој не купил супер автомобил само за да го препродаде и да оствари профит.

Секој купувач потпишал документ со кој се обврзува да не го продава автомобилот за период од две години.

Сепак, сега првите произведени примероци се достапни на пазарот на „користени“ автомобили.

Автомобилот на Калум е произведен во 2017 година, тој помина само 328 километри и е практично нов.

Кога Калум го нарача својот автомобил, тој избрал течна Liquid Metallic Red црвена боја со внатрешен пакет Re-Entry.

Таблата и седиштата се тапацирани со бела кожа, а комплетниот автомобил е во фантастична состојба.

Ford GT е придвижуван од 3.5-литарски V6 EcoBoost кој испорачува 647 КС и 746 Nm вртежен момент, а силата се пренесува на задните тркала преку седум степен автоматски менувач, со двојна спојка.

Цената не е објавена во јавноста, но GT произведен оваа година чини најмалку 500 000 американски долари.

Примерокот на Калум може лесно да ја надмине оваа бројка. Па дири и да ја надмине сумата од милион американски долари!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повторно Toyota Celika

Промоцијата на IONIQ 5 најавена за 2 Февруари

Lotus ќе покаже нов спортски модел кон средината на 2021

Ford го заштити името Thunderbird

За паркинг место во Москва платена рекордна цена во историјата на Русија!

Hennessey Mammoth 1000

VW Golf се збогува со САД таму ќе настапи I.D.3 на негово место

Безбедносниот појас за 60 проценти ги намалува фаталните последици при сообраќајна незгода

Кои електрични автомобили имаат најголем досег!?