На радост на моторџиите вљубени во BMW пристига новиот R18

Ако ги сакате германските мотоцикли тогаш еве одлични вести за вас, BMW конечно соопшти дека на трети април (наредниот месец) пристигнува новиот R18!

По повеќе од една година поттикнување на љубопитноста и на фантазијата,  новата креација на две тркала на производителот од Баварија ќе биде претставен во петок, трети април, тековната 2020 година..

Од новиот модел се очекува да служи како платформа за одреден број на машини, a тоа што е познато е дека тој многу ќе наликува на BWM R18/2 концептот, прикажан на EICMA саемот минатата година.

Претходно имаше и шпионски фотографии на „туринг“ варијантите, што ни даваа поглед кон насоката во која размислуваат во развојниот центар на германскиот производител.

Во BMW се надеваат дека ќе земат дело од пазарното колаче што му припаѓа на Harley-Davidson, a на купувачите во Америка сакаат да им ја понуди богатата историја на марката од Минхен, како и култниот дизајн на „боксер“ агрегатите и  препознатливиот дизајн на баварските производи на две тркала. Сега, дали и колку ќе има успех во своите намери, останува да почекаме и да видиме.

Во одредена мерка Indian Motorcycle имал успех во таа замисла, иако, сепак, станува збор за американски бренд.

Во секој случај, веруваме дека BMW има повеќе шанси да успее на тоа поле одошто производителите од Јапонија.

Постои раширено мислење дека BMW Motorrad може да ги убеди американските купувачи на „v-tvin“ машините.

Имено, без оглед на се, BMW R18 , e’ една од најинтересните новини помеѓу мотоциклите во текот на оваа 2020 година

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Италија пристигнува вирус на две тркала – Vyrus Alyen

BMW R18 – новиот крстосувач конечно покажан

Kawasaki Ninja ZX-25R во карбонско издание

Електричен мотоцикл од иднината – Z Motorcycle

3Д Печатење – иднината на изработка на мотоцикли

Harley-Davidson со Porsche дизајн на агрегат!

Мотоцикл од дрво вози со 220 km/h!

Мотоцикл Lazareth LM 410 чини100 илјаи евра

Нај сестран електричен мотоцикл на светот -Cake Ösa