Наближува крајот на лимузините на Ford во САД

Повеќе пати пишувавме за одлуката на Ford да ги елиминира сите патнички автомобили од неговата продажна понуда во Америка, со исклучок на Mustang…

Имено, оваа вест на јавноста и беше  пласирана пред околу две години. Некои модели, како што се Fiesta, Focus и Taurus, веќе исчезнаа од пазарот, оставајќи го моделот Fusion (подобро познат во Европа како Mondeo) како единствен претставник на најголемиот американски бренд меѓу лимузините.

Веб-страницата Ford Authority сега ја носи веста дека се знае кога последниот Fusion ќе излезе од фабричката линија во Мексико, со што ќе се стави крај на релативно кратката четиринаесетгодишна кариера на омилената американска лимузина.

Имено, Fusion наменет за полициските служби ќе пристигне на 5 јули, додека производството за потребите на цивилите ќе заврши 16 дена подоцна. Фабриката во моментов е во процес на застој заради епидемијата на вирусот корона, а истата ќе биде отворена повторно денес (понеделник). Производителот престана да прифаќа нови нарачки од крајот на февруари.

Иако не се смени откако сегашната генерација дебитираше пред осум години, Fusion сепак имаше релативно добра 2019 година. Продадени се 166.045 единици, што го прави најпродаваниот американски патнички автомобил, но треба да се спомене дека продажбата беше двојно поголема од пред само неколку години.

Покрај Fusion, оваа година ќе биде последна за неговата премија верзија, односно за Lincoln MKZ. Оваа вест беше потврдена уште порано, но не се знае дали фабриката во Мексико ќе продолжи да произведува MKZ за дополнителен период или производството ќе биде стопирано во истиот ден како и за Fusion.

Единствениот преостанат автомобил на Ford корпорацијата, Lincoln Continental, ќе го продолжи со производството следната година, но се зголемуваат гласините дека тој нема да преживее подолго од една генерација.

Ford нема планови за директен наследник во Америка, но ознаката  Fusion би можела да се користи за помал crossover што би се натпреварувал со Subaru Outback. Шпионските фотофрафии од истиот досега го преплавија Интернетот и тоа на неколку пати, и изгледа како зголемена верзија на карванското издание на европската верзија на Mondeо со погон на сите тркала.

Оваа одлука нема да игра улога за другите пазари, па затоа Mondeo ќе продолжи да се продава во Европа и Кина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија – Преполни плацови со нови возила купувачите претпазливи

На глобално ниво Renault отпушта 15.000 работници!

Пазарот во Германија полека заздравува

Пресврт: РКЕ со одлука за поевтинување на горивата од полноќ!

Продолжува окрупнувањето во авто- индустријата: Алијанската меѓу Ford и Volkswagen се официјализира

Datsun redi-GO facelift

Најавена новата Nissan Frontier

Еуроимпекс во партнерство со меѓународниот проект во рамките на програмата  „Еразмус +“

Извозната агенција на Италија одобри заем за Fiat Chrysler