Над 600 илјади хотели во светот го прифаќаат биткоин како валута!

Интернет-платформата за патувања Agoda  (дел од Booking Holdings) се здружи со слична крипто-услуга, travala.com….

Повеќе од 600.000 хотели во скоро 200 земји, сега, можат да се резервираат преку крипто валута (cryptocurrency).

Bitcoin, Ethereum, Binance Coin и повеќе од 25 дигитални валути се прифаќаат за плаќање.

На почетокот на јули, travala.com ги здружи силите со Expediа, втора туристичка платформа која нуди можност за резервација и изнајмување на повеќе од 700.000 хотели, сместување и други објекти.

Оттогаш, start-token AVA почна да расте рапидно, а на почетокот на јули се тргувало со нешто над нивото од 0,3 американски долари.

До денес, стапката на алткоин (altcoin) се искачи за 450% на 1,65  американски долар,  а накратко се искачи на 2 американски долари.

За седум дена, вкупната капитализација на пазарот за криптовалути покажа импресивен раст – за речиси 16 проценти.

Еден ден порано, на 3 август, беше познато дека од 2021 година, швајцарската банка Basler Kantonalbank ќе започне со обезбедување услуги за тргување и складирање со криптокорисници преку филијали на Cler банката.

Тоа е првпат швајцарска компанија поддржана од страна на Владата на таа земја да влезе во пазарот на дигитални имоти.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Sonata N Line

Ваков скок може да изведе само Kia

Новиот Tesla Roadster ќе настапи на Нирбургринг 2021

Наједноставно и најевтино амфибија возило

Radical SR10 за тркачи и вистински ентузијасти во големите брзини

Видео: најава за новите BMW M3 и M4

VW ID.3 најпродаван модел во првата половина на септември во Норвешка!

Dacia најави SUV со 7 седишта за 2021

„Сензационален трансфер“- Rimac станува сопственик на Bugatti