Надворешни перничиња кај автомобилите од ZF

Пред само неколку месеци ZF го претстави првото надворешно воздушно перниче, а оттогаш компанијата уште повеќе ја подобри неговата технологијата

По претставувањето пред само неколку месеци, сега за прв пат германската компанија ја демонстрира изведбата на нивната технологија што се уште е во развој.

Станува збор за првото надворешно воздушно перниче во светот, односно прототип верзија на истото , што ни овозможува да ги видиме придобивките на новата технологија.

Како што велат од  ZF, страничните судири се едни од најопасните видови на сообраќајни незгоди, кои во Германија се одговорни за една третина од целокупниот број на жртви на патиштата.

Во ZF веруваат дека нивниот нов безбедносен систем ќе спаси животи и ќе го намали бројот на сериозните повреди на патниците дури до 40%.

Тоа ќе се должи на функцијата на системот, кој ќе го намали влијанието од ударот и навлегувањето на возилото во бочниот дел до 30%.

Прототипот се состои од надворешно странично воздушно перниче, кое се отвора неколку милисекунди пред судирот и обезбедува заштита на страничниот дел на возилото.

За да може да работи, ZF го поврзува перничето со сензори поставени по надворешноста на возилото, преку кои со помош на развиени алгоритми кои се способни да одредат дали ударот е неизбежен, се одлучува дали да се активира перничето.

Најголемиот предизвик со кој ZF се соочи при конструирање нај системот, е како да се препознае неизбежниот судир и да се отвори воздушното перниче пред самиот удар.

Системот има приближно 150 милисекунди за да ја донесе одлуката, да го отвори перничено и да го наполни.

Вториот предизвик е поврзан токму со полнењето на перничето, кое е со капацитет од 280 до 400 литри, пет до осум пати повеќе од воздушното перниче на возачот и му треба повеќе време за целосно полнење.

На видеото, надворешното воздушно перниче на ZF функционира добро, но дa почекаме тестовите да бидат направени со вистински сериски автомобили, a не со „автомобили на дување“ …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот дигитален кокпит на VW Golf 8

Доаѓа ера на се попаметни дигитални клучеви!

Maserati GranTurismo Zeda

Mahle со прототип на 48 V батериски систем

Зимска кампања на компанијата „Пнеуматик“ – Фати ја зимата навреме

Opel Vivaro-e доаѓа во 2020: Успешното LCV ќе се електрифицира

Новите автомобил на Ford може да гледаат и зад аголот!

Hyundai Motor Group TECH иновации на дланка и увид на клиентите!

V2V: иднината е во синергија помеѓу возилата