Нај аеродинамичниот кога и да е направен Volkswagen

Аеродинамиката стануваат се поважна за производителите, со оглед на се построгите стандарди за емисија на штетни гасови…

Аеродинамиката игра клучна улога во рамките на општата ефикасност на возилата. Конструкторите на автомобили знаат дека подобрата аеродинамика на возилата влијае и на подобрување на перформансите, но и на намалување на потрошувачката на гориво.

Аеродинамичноста на возилата е важна и затоа што производителите мораат да ги исполнат и се построгите стандарди за емисија на штетни гасови. Ист е случајот и во Volkswagen, кој посветил големо внимание на аеродинамиката низ историјата.

Работата на намалување на отпорот на воздухот најпрво е поврзуван со тркачките автомобили.

Но, производителите уште пред Втората светска војна правеле сериозни напори и „цивилните“ возила да станат што е можно повеќе аеродинамични. Истото, па дури и повеќе важи и денес, бидејќи во 21 век, аеродинамиката  игра многу важна улога.

Сепак, нај аеродинамично возило во историјата на Volkswagen не потекнува од 2019 или 2020 година, туку е старо четири децении. Тоа е експерименталниот лесен едносед со ознаката ARVW или Aerodynamic Research Volkswagen. Кај овој автомобил коефициентот на отпор на воздухот изнесувал само 0,15.

Идејата на Volkswagen за експериментален автомобил со екстремно низок коефициент на отпор на воздухот датира од седумдесеттите години кога светот беше погоден од нафтената криза која влијаеше на скокот на цената на горивата.

Автомобилот ARVW имал висина од само 838 мм, ширина од само 1.100 мм. Според изгледот и пропорциите, автомобилот повеќе наликувал на возило за уривање на некој брзински рекорд.

Инженерите на компанијата имале мошне едноставна задача, која барала сложена солуција на што е можно поаеродинамичен начин да се креира каросеријата во која требало да се најдат возачот, моторот и четирите тркала.

Поради подобрата аеродинамика, тркалата биле сокриени во внатрешноста на каросеријата. ARVW бил опремен и со вертикални подвижни стабилизатори на задниот дел од каросеријата. Тие му помагале на возилото да биде што е можно постабилно при високи брзини.

Самата каросерија била изработена од фиберглас и карбон.

„Шасијата“ е направена од алуминиум со цел автомобилот да биде што е можно полесен.

За напојување бил употребуван 2,4-литарски шестцилиндричен турбо-дизел мотор со 180 КС.

Моторот бил поставен зад возачот, а погонот бил на тркала  од задната оска.

Со оглед на тоа дека станува збор за експериментално возило, Volkswagen го тестирал и неговиот брзински потенцијал, па во 1980 година на познатата тест-патека Нардо забележана е брзина од 355 км/ч, а подоцна тој резултат е подобрен на 362 км/ч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi најавува „пионерски” модели со висока ефикасност”

Новите модели на Fiat нудат заштита од вируси!

Видео Škoda Superb iV и VW Passat GTE паднаа на тестот „северен eлен”!

Lancia Ypsilon Hybrid EcoChic

Peugeot управувач: Од едноставна “рачка” до мултифункцонален управувач

Во BMW применета вештачка интелигенција за фарбање каросерии

Ferrari нема да произведува електричен супер автомобил -струјата се уште заостанува со перформансите!

Според Ford: Ford Focus ST e супериорен во однос на VW Golf GTI

EuroNCAP со нови прописи и построги критериуми