Нај-непристојни се возачите на BMW

Најверојатно во возењето ќе ве „стресе“ звукот на сирената, чкрипењето на гумите или само пцост од некој модел на познатиот баварски производител на премиум автомобили …

Во последниве години, вообичаена е тезата дека возачите на BMW се најгруби и истовремено најагресивни во сообраќајот. Бројни случаи од пракса го поддржуваат ова, а некои студии го велат истото. Најновата беше спроведена од Insurify.com, на огромен примерок од 2,5 милиони побарувања за осигурување што ги имаат во базата на податоци.

Студијата е валидна за американската средина, а заклучоците се многу блиски со оние што се гледаат и на европските патишта. Непристојните возачи дефинитивно се вратија на патиштата, а паузата поради пандемијата не им ги олади вжештените глави и незгодниот темперамент.

Како што покажува студијата непристојните возачи најчесто возат на браник (односно се „лепат“ до возилото пред нив) и труби, и тие често се подготвени да направат посериозен прекршок со цел да се пресметаат со друг учесник во сообраќај.

Просекот во САД е 23,1 на 1.000 возачи.

Постои најмалку еден прекршок што може да се класифицира како непристојно возење. Тоа се најчесто возачи на спортски автомобили, со просечна моќност на моторот од околу 230 КС.

Да потсетиме, американскиот просек е автомобил од 37.950 американски долари и моќност од околу 120 КС.

И, ако зборуваме за брендови, тогаш постои многу јасна тенденција на таквите непристојни и нервозни возачите да претпочитаат премиум марки. Така, BMW е на самиот врв, како и Zudi и Acura, така што на овие три марки „отпаѓаат“ 6 од 10 автомобили со непристојни возачи. Топ 3 стартува, oд третата позиција кон врвот, со Audi А5, со просекна моќ  од 260 КС, но и 54,3 непристојни на 1000 возачи.

На второ место e BMW Series 7 со 56,2 груби возачи на илјада.

Апсолутен победник е уште едно BMW, овој пат станува збор за Series 4.

Од илјада возачи на овој модел, 58,9 не знаат за пристојно однесување. Најчесто, тие им викаат на пешаците, не запираат на знакот Стоп и исто така сакаат да поминат на црвено светло на семафорот, покажуваат податоците од базата на податоци.  Од друга страна, најпристојните возачи возат големи, но незабележителни SUV модели како што се Nissan X-Terra, Honda Ridgeline и Range Rover.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рекорд во дрифтање со автомобил на струја!

Несмасно паркирање на електричниот Taycan

Бетонска плоча падна врз паркиран SUV

Специјална едиција на Morgan

Електричен Volkswagen e-Kubel

Dacia Grand Duster со седум седишта

Renault во Индија претстави crossover концепт Kiger

Најавен Mercedes Maybach S Class

Супер гаража вредна 13,5 милион долари design by McLaren