Нај сестран електричен мотоцикл на светот -Cake Ösa

Сегментот на електричните мотоцикли станува се попопуларен, со се поголем број на модели што се нудат на пазарот а многу производители се обидуваат да се наметнат со својот адут на две тркала со погон на електрична енергија…

Производителот од Шведска, компанијата Cake во овој сегмент понуди нешто сосема ново и поинакво.

Станува збор за моделот Ösa, што без никакво сомневање е нај сестран електричен мотоцикл што се нуди на пазарот.

Истиот е дизајниран така што на возачите им нуди чист и ефикасен превоз во градски услови.

Имено Cake Ösa  има и други карактеристики по кои се издвојува од конкуренцијата.

Пред се батеријата на мотоциклот може да се користи за напојување на други електрични и електронски уреди.

На идните сопственици им се нуди широк спектар на прилагодување, со опционален носач на товар, столови и со други модуларни додатоци.

Сите тие ефективно ја претвораат  Ösа во исклучително функционален работен простор.

Неодамна Cake Ösa ја доби и iF наградата за дизајн, како признание за својата иновативност.

И тоа не е се’, со соодвтни пневматици, Ösa без никакви проблми ќе се снајде и на – ofroud терените.

Кога, пак говориме за перформансите, моторот е моќен 4 kW а тука се и батериите со капацитет од 1,5 kWh, што му овозможува максимална брзина од 50 km/h.

Со помоќната батерија од 2,5 kWh,автономијата на мотоциклот со едно полнење на батеријата изнесува околу 120 km.

Нарачките се почнати, a стартната цена изнесува околу 4.200 евра.

Во понида е и варијанта со помоќен електричен агрегат, што нуди повисока масимална брзина.

Можби не е најмоќен, ниту најбрз, a ниту, пак, е најубав електричен мотоцикл на пазарот, но по сестрана машина од Cake Öse, барем засега, нама да најдете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Италија пристигнува вирус на две тркала – Vyrus Alyen

BMW R18 – новиот крстосувач конечно покажан

Kawasaki Ninja ZX-25R во карбонско издание

Електричен мотоцикл од иднината – Z Motorcycle

3Д Печатење – иднината на изработка на мотоцикли

На радост на моторџиите вљубени во BMW пристига новиот R18

Harley-Davidson со Porsche дизајн на агрегат!

Мотоцикл од дрво вози со 220 km/h!

Мотоцикл Lazareth LM 410 чини100 илјаи евра