Најава за нов Bentley Flying Spur

Од Bentley потврдија дека новата генерација на својата луксузна лимузина Flying Spur ќе ја претстават подоцна во текот на годинава, a исто така и објавија и кусо тизер видео и неколку фотографии за најава …

Со вој модел Bentley ќе им конкурира на автомобили какви што се Rolls-Royce Ghost и Mercedes-Maybach S600, при што дизајнот ќе биде по примерот на новиот Continental GT.

Ова возило со четири врати популарен Grand Tourer (GT) е дел од стратегијата за зголемување на производството и модернизација, електрификација на понудата на благородната британска марка.

Како што и се очекува, новиот Flying Spur во понудата ќе има агрегат со работен волумен од 6,0-литир, со два турбо полнача – twin-turbo, со 12 цилиндри поставени во форма на латинската буква W, со миниум 600KS моќ.

Покрај  тој мотор, најверојатно, ќе биде и агрегатот со работен волумен од 4,0-литри, со осум цилиндри, во конфигурација на буквата V.

Исто така, неофицијално, се спомнува и дека ќе биде вграден и plug-in хибриден погонски систем, во кој ќе бидат комбинирани бензински мотор со работен волумен од  2,9-литри, со шест цилиндри, поставени во форма на буквата V, заедно со електромотор, со, во овој момент, се уште не позната моќност.

На крајот, нешто подоцна, гамата ќе ја „заокружи’“ и спортската верзија со ознака Speed.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Honda концепт ја најавува електричната иднина во Кина на Шангај 2019

Најавен електричен хипер автомобил Lotus Type 130

Renault со нов дизајнерски центар во Шангај

Детектори што препознаваат дали користите мобилен додека возите!

VW размислува да земе поголем пакет акции од заедничката компанија со ЈАС

Geely лансира нов електричен бренд -Geometry со „убиец“ на Тesla Model 3!

Наскоро и официјално Polestar 2 а во производство вгодина!

Nissan X-Trail со нови и поефикасни мотори

Во Шангај Audi ќе се престави со  Audi AI: ME, Audi e-tron и Audi Q2L e-tron