Најавен BMW X Concept

Според претходните информации, BMW следната година ќе започне со продажба на новиот модел X8 (проектот го носи кодното име G09), а според некои најави ќе биде повеќе спортска, повеќе смела стилизирана верзија на моделот X7 со седум седишта…

Ова сугерира дека X8 ќе има и три реда седишта, можеби во конфигурација со шест седишта, но тоа не е потврдено.

Автомобилот ќе ја користи платформата и механиката на моделот X7, а во палетата на мотори можеме да очекуваме бензински и дизел мотори со шест цилиндри со блага хибридна технологија, plug-in хибрид и 4,4-литарски twin турбо бензински мотор со осим цилиндри поставени во конфигурација цо форма на латинската буква V, со моќ од 523 КС за верзија X8 M50i.

X8 треба да има два дисплеи од 12,3 инчи во внатрешноста, заедно со најсовремен информативно забавен систем iDrive.

Сепак, она што привлекува посебно внимание се информациите за спортскиот модел X8 M, чиј изглед може да се очекува во текот на моделската 2022 или 2023 година.

X8 M исто така вклучува поагресивен aeo body kit, M алу-тркала, спортска суспензија и сопирачки, нов издувен систем, како и префинет ентериер со спортски седишта и волан.

Некои гласини, исто така, велат дека X8 M ќе има plug-in хибриден погонски систем со вкупно 750 КС (4,4-литарски twin-турбо мотор со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V и електричен мотор), погон на сите тркала, како и емисија на CO2 помала од 100 грама на километар.

Овој BMW Concept XM „со високи перформанси, електрифициран“ служи како најава, а неговата премиера се очекува наскоро.

Досега е објавена само една тизер слика, со напомена дека XM Concept е нај експресивната изјава во речиси 50 години на BMW M дивизијата позната по супериорни перформанси .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Land Cruiser LEGO во сооднос 1:1

Techart Porsche 911 Police

Електрична Lancia Delta Integrale настапува воWorld RX шампионатот

Hennessey го испорача првиот Venom F5  и тврди дека може да јури со 500 км/ч

BMW М GmbH во чест на јубилејот се враќа на стариот беџ

Porsche планира голем crossover со три реда седишта

Електричен Калашников UV 4

Lancia Aurelia Outlaw European CSL

Alpha Saga