Најавен Bugatti инспириран од моделот EB110 SS

Од Bugatti, за неколку дена,  на манифестацијата Monterey Car Week, во Калифорнија ќе претстави уште еден специјален автомобил…

Во рамките на одбележувањето на прославата од 110-годишнината на постоење на марката Bugatti  такво нешто и можеше да се предвиди.

Новината ќе биде инспирирана од легендарниот модел EB110 SS, a исто како и креацијата Bugattija Divo и оваа ќе биде произведена во строго ограничена бројка на примероци.

Поточно, Bugatti би требало да направи серија од само 10 примероци, при што, според некои независни извори, цената на секој примерок би изнесувала по околу осум (8) милиони евра…

Конкретни детали, во овој момент, нема, но може да се очекува дека новиот автомобил ќе се базира врз моделот Chiron, а тоа пак подразбира бенински агрегат со работен волумен од 8,0-литри, со 16 цилндри поставени во конфигурација на латинската буква „W“, со моќ од најмалку 1500KS.

Премиерата е закажана за утре – 16 август па за повеќе и по детални информации нема да треба долго да чекаме .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Genesis ќе се продава и во Европа

Почна продажбата на новиот VW Golf8 цената на стартот солена 27,510 евра!

Видео: Од свечената премиера на новиот Kia Хсeed во Македонија

Изненадување:Tesla Model Y со производство стартува порано

Уникатен Rolls-Royce Phantom одии на аукција!

Од Ford – сината боја ќе доминира во 2020!

Во Романија произведена 500.000 Dacia Duster од втора генерација

Автомобилските „папараци“ го уловија новиот Hyundai Santa Cruz

Audi RS 3 (МY 2021) со 410 KS