Најавен е редизајн на Peugeot 2008!

Во PEUGEOT не спијат врз старата слава и самопрегорно работат на опстојување на самиот врв во сегментот на пазарите на Стариот континент…

До неодамна, за Peugeot 2008, можевме само да заклучиме дека е дизајниран толку детално што може да биде пример за терминот (пре)дизајниран.

Сепак, дури и таквиот модел станува малку застарен, поточно, го губи чекорот со помладата и се побројна конкуренција.  А пазарот е гладен за нови работи, макар тие да се само од естетска природа. Дизајнерите на Peugeot се мајстори на својот занает.

Редизајнот најверојатно ќе има нова предна маска по лик на моделот на 308 и 408 како најзабележителна иновација. Има и ново лого на брендот и браник со имитација на големи отвори за дотур на воздух. Можни се и помали интервенции на светлата, особено одзади, каде што е реално да се очекува нова графика.

Покрај надворешните модификации кои ги визуелизираше kolesa.ru врз основа на достапните информации, се очекуваат и одредени новости под хаубата. Пред се, тоа е воведување на благи (mild) хибриди базирани на бензинецот со три цилиндри и работен волумен од 1.2 литри со две различни моќности, од  100 и од 130 КС, кои сега ќе се нудат во комбинација со шест (6) степен автоматски менувач на брзини.

Во склоп на менувачот ќе има електромотор од 21 kW, благодарение на кој потрошувачката ќе се намали за петнаесет проценти.

Следејќи го примерот на e-208, очекуваме новости и за електричната верзија во 2008 година.

Нов, посилен електричен мотор, проследен со поголема батерија, како и со подобрено управување, ќе донесат малку подобри перформанси и поголем досег на автомобилот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Mufasa

Регистерска табличка со ознака „R“ продадена за три милиони евра

Најдобри возачи на светот се Јапонци, а најлоши од Тајланд

Популарноста на кинеските возила расте ширум светот

Maserati би можел да направи неколку уникатни модели

Супер-спортист на Lamborghini, со делови“ од пристапни секојдневни модели!

Како би изгледало кога Bugatti, Porsche и Rolls-Royce би произведувале камиони?

VW ја разгледува можноста за електричен pick – up наменет за пазарот во САД

Ineos планира повеќе нови модели вклучувајќи и два електрични