Најавен електричен хипер автомобил Lotus Type 130

Освен за промоцијата на тркачкиот Evora GT4 Concept (со маса од1200 kg и максимална брзина од 273 km/h), Lotus на салонот во Шангај, деновиве, го најави новиот електричен hipercar Type 130…

За истиот се зборува уште од декември минатата година  кога е објавена и информацијата за тоа дека овој автомобил би требало да чини околу два милиони британски фунти!

Како и да е, проектот е во тек и концепт верзијата на истиот би требало да ја видиме веќе во тековната 2019 година.

Техничкиот партнер на Lotus, на овој проект e и Williams Advanced Engineering, што е одговорен за електричниот погонски систем.

Серискиот модел би требало да се појави на почетокот на наредната деценија, a ќе претставува најбрз, најскап и најрадикален модел што Lotus го направил во својата 70- години долга историја.

Шепотењата за марката навестуваат дека би можело да се очекуваат и неколку електромотори ( односно барем два, со вкупна моќ од околу 1000KS, потоа ќе има и погон на сите четири тркала, како и цела дузина на нови технологија, како и автономија, со едно полнење на пакетот на батериите, од најмалку 400 km.

На крајот од Lotus најавуваа производство на строго лимитирана серија од овој електричен хипер автомобил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пробно производство на Aston Martin DBX

Франција до 2040 ќе ги избрка возилата со фосилни горива !

Новата KIA Xceed пред премиера ја покажа внатрешноста и дигиталната ера

Вгодина  пристигнува Mazda на струја!

Citroën, го забележа најсилниот раст во топ 12 автомобилски бренда во Европа

Peugeot Active Drive! ИМА СÈ!

Citroën C3 Aircross- Уште еден продажен хит на Французите!

Во Kia имаат подготвен нов SUV

Тesla доби ривал од Кина-се вика XPeng P7