Најавен електричен Lexus RZ

По моделот UX 300e, Lexus подготвува уште еден електричен crossover, наречен RZ…

Сегашните најави велат дека новиот електричен Lexus може да го очекуваме во текот на следната година, како и дека истиот ќе биде модел наменет за глобалниот пазар.

Основата ќе биде платформата e-TNGA развиена за голем број модели на Toyota и Subaru, додека дизајнот ќе биде инспириран од изгледот на концептот LF-Z Electrified претставен претходно во текот на оваа  2021 година.

Со овој концепт, Lexus го најави својот нов правец и намерите во иднина, односно почетокот на „следната генерација на Lexus“.

До 2025 година, Lexus ќе претстави 20 нови или модифицирани модели, вклучувајќи повеќе од 10 целосно електрични модели, потоа хибридни и plug-in хибридни возила.

За потсетување, Lexus LF-Z Electrified Concept е долг 4880 mm, широк 1960 mm, висок 1600 mm, и располага со растојание помеѓу оските од 2950 mm.

Исто така има и моќност од 400 kW / 544 КС и 700 Nm максимален вртежен момент.

Ќе понуди автономија со едно полнење на литиум-јонскаѕа батер со капацитет од  90 kWh од околу 600 км.

Серискиот Lexus RZ нема да биде толку моќен, но се очекува да има повеќе од 215 КС , колку што располага сериската Toyota bZ4X.

Дополнително, се споменува и погон на сите тркала, како и дека е ставен фокус врз перформансите и управувањето, односно дека е предвиден и одреден  степен на автономно возење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигна новиот Citroën C5 X

Chery претстави пет модели под брендот Kaiyi

Mini Aceman Concept

Најавен MG 7

Обновени Fiat Cronos и Fiat Argo

Во “Sphere” новиот Peugeot 408 ги привлекува сите погледи…

Geely Binyue Cool

Нов Nissan X-Trail

Toyota Yaris Cross GR Sport