Најавен хипер автомобил – Czinger 21C на Palexpo 2020

Компанијата Czinger Vehicles, од Kалифорнија, САД, најавува дека на почетоот на наредниот месец, на предстојниот авто салон во Женева Palxpo 2020 ќе го изложи својот хипер автомобил наречен едноставно 21C….

Од Компанијата велат дека 21C има иконски дизајн со линиска конфигурација за седење, ккао и револуционерна технологија.

Сето тоа треба да обезбеди , како што самите рекоа, „доминантни перформанси“.

Покрај тоа од Czinger посочуваат и дека 21C е опремен со моќен хибриден погоснки систем .

Хибридот од Калифорнија забрзува во стилот на најбрзите автомобили на свтот, вклучувајчи ги и елетричните Rimac C_Two и најавената втора генерација на Tesla Roadster.

Малку познатата фирма Czinger Vehicles ќе дебитира со својот новитет на Салонот за автомобили во Женева каде ќе се обиде да го привлече вниманието на потенцијалните купувачи, но и на инвеститорите за нивнит проет.

Хипер спортскиот автомобил рековме има хибриден погонски систем моќен 1250 KS.

Во официјалната најава  од фирмата откриваат само дека погонот е нивна креација, као и дека овој болид од 0 до 100 km/h ќе забрзува за 1,9 секунди.

Исто така наведуваат дека хипер автомобилот се одликува со врвна шасиј, панели од јаглеродни влана и „ напредни компоненти изработени по најсовремени технологии.

За хибридниот Czinger 21C, се уште нема лиферувано слики од внатрешноста, а познато е дека урнек му бил легендарниот McLaren F1.

Секако треба да се сметаме на висока цена од околу два милиони америански долари, а можеби и повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обновената Porsche Panamerа постави нов рекорд на Нирбургринг

Идеално решение за SUV на Ferrari

И Tesla отвара фирма за тјунинг на автомобили

Alfa Romeo Giulia  со над 400.000 поминати километри

Гаража во Токио место од соништа за вљубениците во Lamborghini

Maserati Ghibli Trofeo, Quattroporte Trofeo  и Levante Trofeo

Новиот Nissan GT-R пристигнува 2023  година со хибриден погон

Auto Bild го најавува Volkswagen Golf 8 Variant

Од млазен авионски мотор до куќичка за кампување!