Најавен Hiperon Carrier ван на струја!

Во вториот квартал од следната година на пазарот ќе пристигне електричното доставно возило Hyperon Carrier кое ќе се нуди во Северна Америка, Европа и Кина.

Освен со својот изглед, Carrier привлекува внимание и со димензиите: долг е 5660 mm, широк 2000 mm, висок 2010 mm и има растојание помеѓу оските од 3740 mm.

Во контекстот на габаритите може да се наведе и фактот дека носивоста изнесува 995 kg.

Во понудата ќе има неколку пакети опрема, па Carrier Basic ќе чини 49.900 американски долари (а за тие пари добивате и екран од 13,0 инчи, греење на возачкото седиште, темпомат, задна камера и систем за следење на мртвите точки).

Во однос на тоа подобро опремениот Carrier Pro а затоа и поскап, со цена од 62.000 долари, доаѓа со загреани предни седишта, потоа електрично прилагодливо возачко седиште, како и загреан волан, автоматско активирање на бришачот, безжичен полнач за паметни телефони, 15,0-инчен екран за информативно забавниот систем, адаптивна контрола на патувањето( темпомат)…

Возилото го придвижува електричен мотор со моќ од 198 kW / 269 КС, а со едно полнење на батериите со капацитет од  75 kWh, има автономија во возењето од  околу 320 km.

По доставната верзија на Carrier, пристигнува и патничката варијанта што треба да го носи името Hermes, а од тоа што во моментов се знае за неа можеме да спомнме дека ќе има до 12 седишта.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Subaru STI E-RA Concept, Solterra STI Concept, WRX STI Concept и Levorg STI Performance Concept

Нова Honda HR-V за САД

Новиот Peugeot 4008 доаѓа 2023 и во електрифицирано издание

Јeep Renegade 2022

Dacia Bigster пристигнува годинава

Haval KuGou

Нов Citroën C5 Aurcross SUV: Апсолутен комфор во понаметлив и попрестижен дизајн

Промоцијата на Volkswagen ID.Buzz најавена за 9 март

Hybrid BMW Series 7 со 560 КС