Најавен Hyundai AX1

Откако неодамна го претстави помалиот SUV модел Bayon за европскиот пазар, Hyundai сега најавува уште помал SUV со неколку затемнети тизер слики за истиот..

На крајот на краиштата, ова не е тајна веќе некое време, бидејќи шпионските слики во последните месеци потврдија дека се подготвува мал SUV на Hyundai, со должина помеѓу 370-380 см.

Некои медиуми наведуваат дека Hyundai го води овој проект под кодот AX1, и дека главен пазар за овој модел ќе биде Индија.

Сепак, можно е да се продава во други азиски земји, а можеби дури и во Јужна Америка.

Најверојатно нема да го видиме во Европа, иако таквиот модел би бил интересна алтернатива на Ignis на Suzuki.

Во секој случај, новиот модел треба да ја користи истата платформа како градскиот Hyundai Santro, додека за погонот најверојатно ќе се грижи 1,0-литарски со три цилиндри, турбо мотор.

Во зависност од моторот, се очекуваат 5-степен мануелен и 5-степен менувач AMT.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Genesis од летото во Европа

Touring Superleggera најавува нов спортски автомобил

Според најавите, Се продава Alfa Romeo Autotutto

Mercedes Benz SLS AMG Electric drive на продажба

Top Gear ги избра најдобрите електрични автомобили

Трамвај излетал од шини- присебен возач ги сочува и возилото и животот

Моторот на Aurus ќе се вградува и во авиони!

Bugatti Chiron рачно изработен од глина

Најавен Volkswagen ID.5