Најавен и EQS луксузен SUV на Mercedes-Maybach

Mercedes-Benz ги забрзува своите планови за електрификација и сега сака 50% од моделот да биде хибриден или целосно електричен до 2025 година, наместо претходната цел од 25%…

За време на денешното претставување на стратегијата, неколку извршни директори на германската компанија ги презентираа овие планови, вклучително и потврда на претходно ненајавени модели.

Според Motor1, Britta Seeger, одговорна за маркетинг и продажба на Mercedes-Benz, потврдува дека EQE SUV и EQS SUV ќе дебитираат следната година. Покрај тоа, пристигнува и SUV верзија на  EQS на Mercedes-Maybach.

Сигер исто така потврди дека е планирана целосно електрична G-Classa за 2024 година (за што пишувавме).

Неодамнешните извештаи велат дека концептот на моделот може да биде претставен на почетокот на септември на Саемот за автомобили во Минхен.

Сè уште нема многу детали за тоа, па затоа не е познато дали станува збор за електрифицирана верзија на постојниот модел или за нов производ со уникатен стил и пропорции.

EV Стратегијата на Мercedes е да има целосно електрично возило во секој сегмент што го зафаќа до 2022 година.

Од 2025 година, секој нов модел ќе биде само електричен.

Ова ќе го вклучува одделот АМG. “Овие претстојни модели на AMG исто така ќе ги надминат границите во однос на ефикасноста и аеродинамиката. И ќе има многу повеќе за да се направат овие автомобили вистински AMG во електричниот свет”, вели Сигер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Maserati Grecale пристигнува 16 ноември

Aura EV – футуристички двосед на струја со голема автономија

Идната генерација на Dacia Duster -хибриднa, но и натаму пристапна

Toyota Corolla Cross GR Sport

Во Zenvo Automotive планираат хибриден супер автомобил

Претставен Nissan GT-R:ексклузивна верзија за најсреќните

Citroen C5 Aircross Black Edition

Geely Vision X6 Pro

Претставен BYD Ocean-X Concept