Најавен Infiniti QX55

Од луксузниот јапонски автомобилски бренд –Infiniti, деновиве, со нов „тизер“ слика го најавија својот иден crossover coupe што треба да ја понесе ознаката QX55…

Претходно беше најавено дека моделот QX55 во продажба би требало да се појави во летото наредната 2020 година, како дел од понудата на јапонската луксузна марка.

Инаку оваа новина би се позиционирала помеѓу моделите QX50 и QX60.

Засега нема многу детали, но познато е дека QX55 ќе се базира врз Infiniti QX50, како и дека под хаубата ќе биде инсталиран турбо бензински агрегат со четири цилиндри, со работен волумен од 2,0 – литри.

Стандардно ќе доаѓа во комбинација со CVT менувачот на брзини што силата ќе ја пренесува на тркалата од предната оска, а како опција ќе биде понудена и верзија со погон на сите четири тркала.

Повеќе детали за новиот ривал на BMW X4 и на  Mercedes GLC Coupe допрва ќе следат.

На крај само потсетување дека Infiniti е луксузен бренд на производителот на автомобили Nissan дело од француско – јапонската алијанса Renault – Nissan – Mitsubishi.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Honda глобално повлекува над еден милион возила!

Неизвесна судбината на Mitsubishi  на европскиот пазар

VW инвестира две милијарди евра во EV

Салонот за автомобили во Женева можеби засекогаш замина во историјата!

Германија – Преполни плацови со нови возила купувачите претпазливи

На глобално ниво Renault отпушта 15.000 работници!

Пазарот во Германија полека заздравува

Пресврт: РКЕ со одлука за поевтинување на горивата од полноќ!

Продолжува окрупнувањето во авто- индустријата: Алијанската меѓу Ford и Volkswagen се официјализира