Најавен Infiniti QX60 Monograph

Infiniti претходно потврди дека ќе го претстави новиот SUV-Coupe модел QX55 во ноември годинава, а сега за крајот на овој месец, септември, е најавено дека ќе претстави и дизајнерска студија наречена QX60 Monograph.

QX60 Monograph е студија со три реда седишта и ја најавува идната генерација на Infiniti XQ60 (што очигледно нема да се разликува многу од тоа).

Тековниот Infiniti QX60 на пазарот е речиси една деценија (се појави во 2012 година под името JX и го смени името во 2014 година), додека последен пат беше рестилизиран во декември 2015 година.

Во секој случај, премиерата на Infinitija QX60 Monograph е закажана за 24 септември, а тизер сликата од неговиот преден дел служи како најава.

Покрај по атрактивната надворешност, се очекува и по пространа и модерна внатрешност со екран од 10 до 12 инчи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АвтоВаз произведе 30 милионити автомобил

GM со нов електричен Hummer со нов Crab Mode начин на возење

Hyundai Sonata N Line

Ваков скок може да изведе само Kia

Новиот Tesla Roadster ќе настапи на Нирбургринг 2021

Наједноставно и најевтино амфибија возило

Radical SR10 за тркачи и вистински ентузијасти во големите брзини

Видео: најава за новите BMW M3 и M4

VW ID.3 најпродаван модел во првата половина на септември во Норвешка!