По промоцијата на новата генерација на Mercedes S-Class (почетокот на септември годинава), време е за премиера на нејзината луксузна верзија Mercedes-Maybach и тоа веќе утре….
Новата Mercedes-Maybach S-Class ќе ја доживее својата премиера утре, на 19 ноември, а како најава се користи една тизер слика која покажува само дел од овој автомобил.
На кратко, Mercedes-Maybach S-Class е продолжена и најексклузивна варијанта на S-Class (со растојание помеѓу оските подолго за 18 cm), со луксузен ентериер и уште повеќе простор за патниците на задните седишта, што исто така обезбедува седишта со функција за масажа и посебно греење за вратот и рамената).
Автомобилот ќе добие и редизајнирана решетка, потоа ќе бидат дотерани и браниците, а ќе блесне и двојното лого М на С столбовите, додека надворешноста ќе биде двобојна, а ќе има и нови тркала.
Покрај тоа, овој модел ќе биде достапен со мотор V12, кој според некои информации е со работен волумен од 6,0-литри, biturbo со моќност од 463 kW / 630 КС и 1000 Nm максимален вртежен момент.
Повеќе детали, за супер луксузната изведба на знаменосецот на марката сепак, допрва следуваат.