Откако веќе го претстави електричниот MG 4 на крајот на минатиот месец, брендот MG сега најавува уште еден новитет…
Станува збор за MG 7, fastback од средна класа, кој наскоро ќе ја доживее својата премиера.
Како најава служи нова тизер-слика која го прикажува неговиот заден дел (како и четири издувни цевки), но има и претходно објавен патент рендер кој ги открива предната и страничната страна.
Што се однесува до моторот, се очекува 1,5-литарски турбо бензинец со моќ од 133 kW/180 КС, поврзан со 7-степен менувач со двојна спојка.
Сепак, повеќе детали допрва следуваат.